Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајк Зафировски: Бирајте ги битките во кои можете да победите

0
By Zoran Ivanov on May 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 21, 2024 11:08

Ако на двете страни има некакво незадоволство, вообичаeно тоа значи дека тоа е најдобриот договор што можел да се добие. Се прашувам, ако повторно го отвориме прашањето, дури и на ниво на сомнеж, дали е мудро да се прави тоа“, вели Мајк Зафировски, еден од најпроминентните претставници на македонската дијаспора во интервју за емисијата 360 степени на МТВ.

Запрашан што мисли за гестот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова при поднесувањето на заклетвата, тој пред се порача „да ги избираме битките во кои можеме да победиме“.

Сурен сум дека тоа што ќе го кажам ќе предизвика гнев кај некои луѓе. Ако му зборувам на македонскиот народ, ќе гледам во камерата. Мислам дека сум Македонец патриот, ја љубам оваа земја, ја љубам иднината за неа. Но, можеби оваа перспектива е премногу практична, двајцата премиери што го потпишаа Договорот од Преспа, ги загубија следните избори. Голем дел од причината беше договорот за името. Кога грчкиот премиер и Заев повеќе не беа на власт, имаше многу незадоволство на двете страни. Од перспектива на бизнисот, историја на преговори, ако на двете страни има некакво незадоволство, вообичано тоа значи дека тоа е најдобриот договор што можел да се добие. Се прашувам, ако повторно го отвориме прашањето, дури и на ниво на сомнеж, дали е мудро да се прави тоа, вели Зафировски.

На забелешката на водителот Васко Попетревски дали верува дека тоа не ѝ е од полза на Северна Македонија, Зафировски рече:

Ние ја нарекуваме Македонија приватно и на други места, но ако имате договор… Повторно, ако имате 11 или 12 големи прашања, дали ви требаат дополнителни одвраќања од вниманието? Уште една перспектива, без да навлегувам во историјата…Ручав со претседателот Иванов пред десет години. Му поставив прашање – ме интересира, љубопитен сум за преговорите за името, колку од вашето време трошите на грчкото прашање? Ми рече 90%. Пак го прашав – вие или и премиерот и персоналот. Мислев ќе рече, само јас. Ми рече и премиерот и персоналот. Ми рече, сите ние. Во практична смисла, можеби сум премногу далеку од Македонија, но кога ги имате сите овие предизвици, ако трошите 90% од времето, иако не велам дека е неважно прашање – колку ви останува за да ги решавате другите проблеми? Тоа што го велам е дека, имајќи ги предвид сите предизвици, би се обидел да најдам начин да го оставам тоа прашање настрана и да гледам напред. Ако сакате да промените, мислам би било многу тешко да постигнете нешто подобро отколку тоа од пред неколку години. Повторно, ова е лично мислење, не на „Македонија2025“.

Јас сум патриот, навистина сакам да се намали „одливот на мозоци“, да се крене земјата на следното ниво. Бирајте ги битките во кои можете да победите, порача Зафировски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.