НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Населени места во струмичко претворени во езера

0
By Томе Христов on February 1, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синоќешните дождови поплавија неколку населени места во струмичкиот регион. Најкритично е во селата Муртино, Просениково и Дабиле, кои се и најниските населени места. Жителите на Муртино кои од рано изутрина се излезени да ги спасуваат своите домови од надојдените дождови, велат дека многу малку фали водата од реката да се излее и да го зафати целото село. Заедно со нив на терен со механизација се излезени и од Кризниот штаб при општина Струмица.

„ Полето е целосно уништено, денеска овде сме собрани за да спасиме водата да не го поплави целото село. Дојдена е една механизација од општината, но има неколку критични места. Ние сме овде земјоделски крај, полето ни е направено како езеро, ќе нема ништо од производството“, велат разочараните жители.

Според револтираните жители ваквата состојба веќе е доцна да се санира, бидејќи како што изјавија, речните корита требало да се чистат кога земјата е сува. Денеска тие заедно со екипи на ЈПКД „Комуналец“ и Противпожарната единица, со вреќи песок се обидуваат да спречат излевање на реката, на само 500 метри од селото.

Командантот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Кирил Парталов, кој ја следи состојбата на лице место, рече дека ова е критична точка од каде може да се поплави цело село Муртино. Најавата за нови врнежи од дожд ја прави ситуацијата неизвесна.

Во селото Дабиле по синоќешните дождови повторно се поплавени неколку домови, кои се најблиску до самата река. Сопствениците велат дека ова им се случува секогаш кога има поголеми врнежи.

На терен денеска се и екипи од водостопанство Струмичко поле. Од таму велат дека ситуацијата е лоша и дека во текот на денешниот ден може да биде се покритична.

„ Најмногу вода по реката Струмица надоаѓа од радовишките реки и тоа прави најголем проблем. Како оди работата ќе бидеме принудени да испушиме вода од акумулацијата „Турија“, вели Ѓорги Нацев, од Струмичко поле.

Од водостопанското претпријатие изјавија дека утрово поплави се забележени и во последните населени места кон границата со Република Бугарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.