На парламентарните избори во 1994 и 1998 година не се избра ниту една пратеничка Албанка.
Дури 12 години по плурализацијата на Северна Македонија, во 2002 година Албанците беа претставени од 4 жени во Собранието. На изборите од 2006 до 2020 бројот на пратеничките Албанки изнесуваше околу 10 отсто.
На локално ниво истата слика. Освен Теута Арифи, градоначалничка од албанската заедница во 2000 година била избрана во општина Осломеј. На последните избори ДУИ се натпреваруваше во 19 општини, само со 1 жена, Арифи, која изгуби во Тетово. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, од една и Движењето БЕСА од друга страна не се натпреваруваа со ниту една кандидатка. Линк