Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија повторно – „нашата земја“

0
By Marija Todorovska on May 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 27, 2024 15:20

ДРАГАН МИШЕВ / ЦИВИЛ МЕДИА

Откако новата претседателка на Република Северна Македонија предложена од ВМРО – ДПМНЕ, уште не седната на претседателската фотелја, со првите реченици при давањето на претседателската заклетва и избегнувањето да го изговори целосно уставното име, туку државата со која ќе претседателствува во наредните 5 години, наместо тоа, ја нарече само Македонија, веќе предизвика дипломатски и меѓународен скандал, кој секако ќе има далекусежни последици по евроинтеграциите на земјава.

Постапката предизвика остри реакции во Грција, а европските партнери изразија голема загриженост, но затоа работата на новата претседаелка наиде на пофалби од лидерот на Српската радикална странка, кому му се судеше во Хаг за воени злосторства, Војислав Шешељ, кој не така одамна изјави дека Македонија не е целосно независна и суверена држава во вистинска смисла бидејќи е под принудна управа на Америка и западните сили.

Очекувано, ваквиот потег на новата претседателка наиде на воодушевување кај гласачкото тело кое ја доведе на власт Силјановска – Давкова и партијата која ја предложи, но, набрзо следеше студен туш.

Од кабинетот на претседателката, во обид да ја смират топката излегоа со соопштение дека во иднина претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, а , свечената заклетва, согласно Уставот, била потпишана со користење на уставното име, како што ја подготвиле од службите на Собранието.

И би како што соопштија, на големо разочарување на предвремено израдуваните поддржувачи и гласачи. Во наредните средби, претседателката Силјановска – Давкова, држашата со која претседателствува, со уставно име Република Северна Македоија,ја нарекува „нашата земја“ и „нашата држава“.

На средбата со еврокомесарот Дејвид Гир , таа ќе истакне:

– подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата, истакнувајќи ја значајноста на делегацијата како своевиден координатор на активностите на ЕУ во земјава.

– нашата иднина несомнено е во Европската Унија, а местото на нашата држава е на иста маса со европските земји со кои нѐ обединуваат историски, културни и морални традиции и вредности.

Во рамки на посетата на Светиот Престол по повод манифестацијата која со години наназад го носи името„Македонија во чест на Свети Кирил“, при аудиенцијата кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, како што соопшти Кабинетот на претседателката Силјановска – Давкова, таа повторно нема да го спомне името на државата, истакнувајќи дека:

– ѝ претставува особена чест во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави,

– дека посетата на Папата на нашата земја остави силна трага,

– изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава,

– разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава…

 И како капак на се, Претседателката Сиљановска – Давкова на своето прво меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, постави венец на кој го нема името на држава со уставно име Северна Македонија, чиј претседател е, туку само пишува „Претседател Гордана Сиљановска – Давкова“, небаре отишла на приватна забава на сопствен трошок, а не на платено патување со парите на даночните обврзници токму на таа Северна Македонија

Колку ли гордо сега се почувствуваа они кои ја гласаа?

Но, сега се поставува прашањето дали гласачите на ВМРО – ДПМНЕ треба да се чувствуваат изневерени и излажани, или само не го сфатиле изборниот слоган до крај? И дали ќе има потреба ВМРО – ДПМНЕ повторно да им се извинува на избирачите за понудената кандидатка, како во случајот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска?

И со предизборните најави за укинување на „Преспанскиот договор“ кога по промената на уставното име, целиот свет кон нас почна да се обраќа со името Македонија( со придавката Северна), се наговестуваше враќање кон некои дамнешни времиња од периодот на кратенката „ФИРОМ“ или „ПЈРМ“, па странскиот фактор кон нас се обраќаше исклучив со „вашата земја“, „ вашиот јазик“.

А во вториот дел од слоганот „Македонија повторно твоја“, кој најверојатно поради недостаток на простор на билбордите е изоставен, и истовремено, креаторите на истиот сметале дека се подразбира гласачите на кои се обраќаат да сфатат дека со тоа што ни го нудат, со зборот твоја, всушност тие ни овозможуваат Македонија повторно да биде наша… наша земја, наша држава.

Токму како што сега и ја нарекува новата претседателка. Граматички и математички прецизно.

Текстот е личен став на Авторот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.