НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Безбедносно-одбранбен форум Шуман 2024: Поттикнување на партнерството меѓу ЕУ и регионот

0
By Zoran Ivanov on May 28, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дејвид Гир

Денешниот свет станува сè поопасен. Политиката на моќта се врати. Светот е сè повеќе мултиполарен, а помалку мултилатерален. Сведоци сме на „стари“, но и „нови“ војни со киберзакани, дезинформации, користење на трговијата или на миграцијата како оружје. ЕУ и нејзините партнери се соочуваат со заеднички безбедносни закани.

Руската воена агресија против Украина го наруши чувството на безбедност на европските граѓани – до степен невиден по Втората светска војна. Особено во овој регион, тоа евоцираше болни спомени од конфликтите што следеа по распадот на Југославија. Руската брутална воена инвазија на Украина, исто така, ги наруши глобалните пазари и синџирите за снабдување со енергија. А после тоа, започнаа кампањи за дезинформација за да се оправда она што не може да се оправда – кршењето на меѓународниот поредок, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите, или да се направи забуна за тоа кој е агресор, а кој е нападнат.

Овие закани се дел од ист (безбедносен) театар. Секоја земја или организација не може сама да се справи со овие безбедносни предизвици. Партнерствата се од суштинско значење за заштита на меѓународниот мир и безбедност. Со заедничка работа, ЕУ и нејзините партнери веќе придонесуваат да се постигне оваа цел.

Северна Македонија и ЕУ работат заедно за промовирање на стабилноста на Западен Балкан од 2006 година, кога земјата стана дел од мисијата на ЕУ АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Таа беше дел и од мировните напори предводени од ЕУ во други делови на светот – со учество во мисијата за обука на ЕУ во Централноафриканската Република. Вооружените сили на Северна Македонија учествуваа во неколку борбени групи на ЕУ – мултинационални и воени единици, кои се дел од воениот капацитет на Европската Унија за брза реакција на кризи и конфликти низ светот. Во мај 2020 година, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ стана партнер во придружната мрежа на Европскиот колеџ за безбедност и одбрана.

ЕУ е подготвена да ја зајакне соработката со земјите од регионот, како значаен глобален безбедносен партнер. Во рамките на Европскиот мировен механизам, вооружените сили на Северна Македонија добиваат помош од ЕУ во износ од 9 милиони евра со цел да ги зголемат своите капацитети преку надградба на опремата на лесната пешадиска баталјонска група. Ова ќе ѝ помогне на Северна Македонија дополнително да го зголеми своето учество во меѓународните воени мисии и операции, главно во рамките на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ. Унијата, исто така, ја промовира отпорноста на целиот регион – преку зајакнување на капацитетите на Балканските медицински наменски сили. Преку Европскиот мировен механизам набавена е потребната опрема и материјали за медицинските единици на вооружените сили на земјите-учеснички, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, за да се зголемат воено-медицинските капацитети во регионот, со што ќе се поддржат напорите за помош на цивили.

Нашата растечка соработка го покажува заемниот интерес на ЕУ и Северна Македонија да работат во партнерство за промовирање на мирот, безбедноста и одбраната. ЕУ има намера дополнително да се ангажира со своите партнери, вклучително и преку слушање и учење од нивните искуства. Затоа што е важно да се чуе што имаат да кажат партнерите во областа на безбедноста и одбраната. Второто издание на Безбедносно-одбранбениот форум Шуман („Форум Шуман“) што се одржува во Брисел на 28-29 мај 2024 година – е одлична можност за тоа. Задоволни сме што Северна Македонија ќе учествува во дискусиите за тоа како ЕУ и нејзините безбедносно-одбранбени партнери заедно можат да помогнат за глобалниот мир и безбедност. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

ВЕСТИ August 8, 2025

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела…

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.