Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе ја објави денеска пресудата по заемните обвиненија на Хрватска и Србија за геноцид извршен на хрватска територија од 1991 и 1995 година.
Се очекува дека судот најнапред ќе ја изрече својата одлука по повод тужбата на Хрватска против Србија, која е поднесена во 1999 година, а потоа и по повод обвиненијата на Србија против Хрватска од 2009 година.
Пресудата на судот ќе биде конечна, бидејќи на неа не постои право на жалба, а државите ќе бидат во обврска по неа да постапуваат.
Без оглед какви ќе бидат одлуките на МСП по тужбите на Србија и Хрватска, тие се обврзувачки за сите членки на ОН. Доколку судот издаде налог на државата на пример во поглед на надомест на штета, тогаш државата би била должна по него да постапува.




