Лидерите на активистите на Доњецката Народна република и Луганската Народна Република во заедничка изјава велат сакаат нови преговори со Киев за ситуацијата во Источна Украина.
Првите луѓе на самопрогласените републики рекоа дека „не им е потребна крв“ и дека се подготвени да застанат до линијата до која се дојдени, пренесува Танјуг.
– Бараме од Киев да седнеме на маса и да се договориме, изјавија тие.
Според нив, борбите се иницирани од украинската војска која добила наредна во потполност да го заземе аеродромот во Доњецк, за кој пак сметаат дека треба да биде под контрола на ДНР.
Според нивните резултати, во јануари загинале околу 240 цивили а околу 270 се ранети, загинале и 92 борви на ДНР и ЛХР, додека ранети се над 400.
Според портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, тој бил сериозно загрижен за ситуацијата.
– Претседателот е сериозно загрижен за развојот на ситуацијата во Донбас каде непрекинато траат борбите, и ги повикува инволвираните да ги прекинат борбените акции и насилството, изјави Дмитри Песков.




