Published: Tuesday, February 3, 2015 11:10
Најмалку четири луѓе го загубиле животот во обилните снегови во САД, кои за помалку од една недела по втор пат го погодија североисточниот дел на земјата.
Претставници на Масачусетс соопштија дека една жена загинала кога преку неа поминала обилна маса снег, а државната полиција на Њујорк соопшти дека двајца загинале во верижен судир.
Полицаец од Толeдо, во американската сојузна држава Охајо, починал од срцев удар додека чистел снег пред својата куќа. Градоначалникот Мајкл Колинс се наоѓа во критична состојба откако неговиот џип удрил во стуб кога се враќал во својот дом од прес-конференција.
Повеќе од 20 окрузи на Њујорк се предупредени од снежен бран, а метеоролозите најавија дека на некои подрачја ќе паднат и до 40 сантиметри снег.




