Програмата за мојата кандидатура за претседател на СДСМ ја нареков Манифест за Социјалдемократијата. Тука давам личен и емотивен осврт на тоа како јас ја доживувам и СДСМ и како црпам мотивација за да се кандидирам за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во интервју на Цивил и Слободен печат.
Јас се трудам без оглед на тоа што понекогаш ми замеруваат дека имам долги одговори на некои прашања меѓутоа во работата се трудам да бидам практична и прагматична. Има пет приоритети кои СДСМ треба час поскоро да ги заврши по изборот на претседател, се до изборот на раководството на партијата. Тука давам предлог дека ќе има пет потпретседатели на партијата од кои тројца ќе бидат оперативни, односно ќе бидат задолжени за определени општински организации во рамките на регионалната интерна поделба на СДСМ. Тие ќе имаат работа да работат со општинските организации. Имам употребено реченица дека нема потпретседателите да седат на Бихаќка, туку тие практично ќе доаѓаат од општините“, рече Петровска
Таа додаде дека четвртиот потпретседател ќе биде на предлог на СДММ затоа што во младината има доволно зрели луѓе кои многу успешно ќе ја носат таа позиција, но и дека отстапува место и за Форумот на жени.
Кога треба да носиме клучни одлуки и стратешки определби на партијата каде ќе одиме и какви одредени политики ќе заземеме, меѓутоа повеќе да се потпреме на работа на терен. Во Манифестот завршувам со тоа дека сите заедно членовите и оние кои се подзаборавени а имаат капацитет ќе бидат поканети да ја направиме стратегијата за победа. Таа стратегија за победа треба да даде резултати во 2028 година. Се разбира постојат уште неколку други приоритети и предизвици коишто ќе треба во овој период пред нас да ги оствариме, заклучи Петровска. Линк