НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уметницата Јана Борбала Панзов илустрираше македонски народни песни во Будимпешта

0
By Marija Todorovska on June 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Будимпешта e промовиран проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик!“ на младата уметница Јана Борбала Панзов, како дел од манифестацијата „Цртај на македонски јазик“.

– Во рамки на проектот, Јана илустрираше неколку македонски народни песни – „Македонско девојче“, „Јано мори“, „Севдалино“, „Зајко Кокорајко“, „Благуно дејче“, „Мори Пожаранче“, „Билјана платно белеше“. Илустрациите содржат стихови од песните на кирилско писмо и се аплицирани на торби, шолји, беџови, чадори. На промоцијата, унгарското музичко дуо „БудаПесме“ одржа целовечерен концерт на македонска народна музика, со акцент на илустрираните песни од Јана. Настанот предизвика огромен интерес кај унгарската публика, информира денеска во соопштение тимот на уметницата Борбала Панзов.

Целта на проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик!“, како што се посочува, е да се поттикне креативноста на кирилското писмо и македонскиот јазик и запознавање на пошироката унгарска публика со македонските фолклор и традиција.

Во рамките на проектот, Јана илустрираше неколку македонски народни песни - „Македонско девојче“, „Јано мори“, „Севдалино“, „Зајко Кокорајко“, „Благуно дејче“, „Мори Пожаранче“, „Билјана плат

Јана е родена во 2009 година во Будимпешта, Унгарија.  Нејзината талентираност за цртање – сликање, графика, дигитална уметност, стои во соопштението, е потврдена на многу конкурси на кои учествувала во Унгарија и Македонија. Таа е билингвален говорител, одлично ги зборува македонскиот и унгарскиот јазик, подеднакво добро употребувајќи ги писмата на двата јазика. Во 2022 година успешно го реализира проектот „Кул е и кога COOL се пишува на кирилица!“ дел од манифестацијата „Цртај на македонски јазик!“ организирана од Министерството за култура на Македонија за кој изработи стикери за социјалните мрежи „Вибер“ и „Ватсап“ што постигнаа голема популарност кај младите и уште се актуелни во меѓусебната комуникација во Македонија. Ученичка е во средното – уметничко училиште „Имре Мадач“ во Вац, Унгарија. Дел од нејзините креации се објавени во списанието „Чудна шума“ – Скопје. Изработува и амигуруми со кои учествувала на неколку локални продажни изложби, се додава во соопштението.

„БудаПесме“ е унгарско музичко дуо составено од младите музичари Вероника Варга и Бенедек Рети. Нив ги интересира фолклорот од Балканот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Будимпешта македонски народни песни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.