НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските медиуми во одбрана на ликот и делото на Александар Вучиќ

0
By Marija Todorovska on June 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во контекст на засилена руско – српската пропаганда во дел од македонските медиуми, кој доби на интензитет особено по изгласувањето на резолуцијата за Сребреница, и пристигањето на западната помош за Украина и одобрувањето на „ограничено“ користење на западното (американско) оружје врз воени цели на руска територија, ЦИВИЛ Медиа во својата анализа забележува е дека за таа цел се користат најразлични, помалку или повеќе „релевантни“ извори, од  заканите на официјални српски и руски државни функционери, до  дискредитирани антиамерикански пропагандисти – путинисти.

Таков е случајот со контроверзната американска медиумска личност, Такер Карлсон – антиамерикански пропагандист, десничар, теоретичар на заговор, поранешен Трампист, мизогин, расист, хомофоб кој  го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, и „соучесникот“ во неговото интервју, универзитетскиот професор и директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија, економски советник на владите во Латинска Америка, Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз, Џефри Сакс.

Она што сега ги возбуди духовите во дел од македонските медиуми, повеќето традиционално ангажирани во одбрана на ликот и делото на српскиот претседател Александар Вучиќ и следствено на тоа во ширењето на српската пропаганда, е токму интервјуто на Карлсон со, како што го нарекуваат, познатиот американски економист Џефри Сакс, во кое вториов, кој е некритички пренесен, „брутално искрено“ ќе изјави дека САД го бомбардирале Белград за да ја распарчат Србија и да создадат држава Косово каде што ќе имаат воена база, како и неговото откривање на „новата вистина“дека мотивите за НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година биле спасувањето на производителите на оружје, како повисок приоритет за коалицијата НАТО отколку, како што се изразил Карлсон – „угнетеното муслиманско население“. Истиот наратив што сега го користи српскиот претседател Вучиќ.

Овде вреди да се напомене дека, Сакс, кој имаше улога на економски советник на владите во Латинска Америка, Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз, но и во владата на премиерот на поранешна СФРЈ, Анте Марковиќ, во 2013 година на состанок во Белград, на тогашниот претседател на српската влада, Александар Вучиќ му ги понудил своите совети за српската економија, вест која тогаш ја објавиле неколку македонски медиуми, a коja подоцна, од непознати причини, ја снема од нивните веб страни.

Карактеристично за сите портали  е што при преземањето на изјавите на Сакс, тие се објавуваат интегрално, некритички и непотврдени, ниту од другата инволвирана страна, ниту од трет, независен извор.

И секако, „брутално искрената нова вистина“ на Џефри Сакс македонските медиуми според вообичаената пракса ја објавуваат во содејство со колегите од медиумите од соседна Србија.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Александар Вучиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.