Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филхармонија „наша“, „чиста“ македонска!

0
By Zoran Ivanov on June 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 9, 2024 17:04

Дијана Тахири

Според поделбата на директорски места во коалицијата на новата влада (неофицијално), Филхармонија ќе ѝ припадне на коалицијата ВЛЕН.

Во краток преглед на вестите на агрегаторот Time.mk., еден од медиумите веќе се произнесе по оваа (сѐ уште официјално непотврдена) поделба, со видна загриженост дека Филхармонијата „до сега секогаш била раководена од кадри од најголемата партија во владејачката коалиција“ (читај – од Македонци).

Што на прв, втор и трет поглед значи дека Филхармонијата, како национална институција традиционално мора да припадне или да се води од најсилната политичка опција во државата, а зборуваме за Институција која ја промовира уметноста на највисоко државно ниво (најпросто кажано), и во која НЕ СМЕЕ да има поделби по етничка, а посебно не по политичка определба.

И – никако не смее да „падне“ во рацете на немакедонци!

За жалење е што уметноста е ставена на диспозиција на политичарите, а уметниците низ целиот свет се најсилната опозиција на политиката! На страна политичката / партиската / владината сопственост на уметноста и уметниците, она што ми остави впечаток е дека „цела Филхармонија“ се кренала на нозе  затоа што нов директор ќе биде – „ЛЕЛЕ, АЛБАНЕЦ“!

Па тоа е неспособно, тоа не знае, тоа не го зборува македонскиот јазик, „единствениот чист храм, национална институција со традиција 80 години, заштитен македонски музички храм и гордост“ ја дале на Албанци! (ова не го велам јас, го вели некој од Филхармонија, и тврди дека 99 отсто од вработените во Филхармонија гласале за ВМРО-ДПМНЕ).

Филхармонијата, како и сите други институции во Северна Македонија, им припаѓаат на сите граѓани, без исклучок. Но, како што одамна стојат работите во државата, за да не бидат привилегирани само едните, мораше да се направи и договор под меѓународна капа (рамковниот, нели), кој во продолжение ги исполитизира – или ги стави на броење и позициите на власт и последователно и работните места, квоти во високото образование и така натаму. Што во принцип, мораше да се случи, но крајната цел е речиси секогаш во прилог на желбите и алчноста на политиките чинители и групи.

Но, ова е веќе елаборирано до бесвест, и не гледам посебна потреба од нагласување, освен мало потсетување.

Да се вратиме на Филхармонијата. Ако одите на веб страницата на Институцијата, таа е на три јазици, македонски, албански и англиски, а за квалитетот и техничките решенија, изгледа никој не се потрудил повеќе од најосновните параметри.

Од љубопитност кликнав на верзијата на албански јазик, и нема што, таа постои, по рамковен секако. И секако, неапдејтирана, со лош превод (или без превод), впрочем, како и на сајтовите на многу други државни институции, ништо ново. Можеби, можеби со новото управување тоа ќе се среди, ќе видиме, ќе следиме.

Што се однесува до некојси таму Албанец што ќе ја извалка „чистотијата на храмот“, не му се знае, може и да подзачисти по ќошоите, па ќе направи вистинска промоција на државата, во мултикултурна и универзална смисла, се разбира, доколку повеќе ѝ служи на институцијата и граѓаните (СИТЕ), отколку на политичката опција што ќе го постави на управувачката позиција.

Лично ќе ја/го повикам овој пат! Линк

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.