НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Вонинституционално најавеното задолжување ќе го зголеми јавниот долг на 66% од БДП

0
By Marija Todorovska on June 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
„Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг ќе се зголеми над 60% од БДП. Контрадикторно е дека ова никаде не е споменато во нивната програма Платформа 1198 , но со најавеното задолжува од една милијарда евра јавниот долг ќе биде 66% од вредноста на БДП“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во неговото гостување во емисијата „24 Анализа“, која вчера вечер се емитуваше на телевизија 24.

Коментирајќи ја најавата на Христијан Мицкоски за задолжување на државата од една милијарда евра, Битиќи посочи дека во јавноста имаме промена на реториката, она што до вчера беше важно, веќе денес се релативизира.
„Одеднаш се зборува дека  не е важно колкав е процентот на јавниот долг, до вчера беше, не е битен начинот на задолжување, до вчера беше, не е битно кој ти дал овластување за да преговараш за долг од една милијарда евра, до вчера беше, сега се тоа не е важно, важно е само да се дојде до една милијарда евра“, рече Битиќи и посочи дека станува збор за вонинституционално преговарање за кое Мицкоски никој го нема овластено да го прави тоа.  “Треба прво да се формира влада, да се влезеле во институциите, па институционално да се водат преговорите за задолжување, па потоа да се каже исходот од задолжувањето“, нагласи Битиќи и додаде дека станува збор за нелегитимно преговарање во четири очи за задолжување на државата.
Пратеникот Битиќи истакна дека со задолжувањето на овој начин се испраќа порака дека идната влада сака да се откаже од 840 милиони евра од Европската комисија, наменети за Македонија преку Планот за економски раст на ЕУ.
„Тоа се средства со кои државата се обврзува да направи одредени реформи, кои се со подобри и поповолни услови отколку позајмицата од една милијарда евра“, рече Битиќи.
БДП битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.