Published: Wednesday, February 4, 2015 10:57
Авион на компанијата Трансазија ервејс утрово само што полета на локален лет со 58 патници и од засега непознати причини брзо ја изгубил комуникацијата со контролата на летање, при што паѓајќи удрил во возило, па во мост, за да заврши во реката Келунг.
12 патници се загинати, 16 се спасени, а за триесетина се уште се трага. Несреќата се случила недалеку од Тај пеј. главниот град на Тајван.
Спасувачките екипи се уште се обидуваат да спасат неколкумина заробени во трупот на потонатиот авион. Досега 16 патници се спасени.
Возило на мостот сосема случајно сними дел од паѓањето на авионот. Во авионот главно се наоѓале кинески туристи кои се враќале од посетата на Тајван.




