Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите во ЕУ – мета на руската пропаганда во македонските медиуми

0
By Marija Todorovska on June 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2024 15:04

ДРАГАН МИШЕВ

Веќе извесно време во дел од македонските медиуми се води засилена руско – српската пропаганда, која дополнително се интензивираше по изгласувањето на резолуцијата за Сребреница, и пристигањето на западната помош за Украина и одобрувањето на „ограничено“ користење на западното (американско) оружје врз воени цели на руска територија, таа особено стана активна пред и за време на изборите во Европската унија, преку зголемениот бран лажни вести на Интернет во обид да влијае врз гласањето пред парламентарни избори за Европскиот парламент, за што предупредуваа претставниците на ЕУ и експертите за дезинформации.

Како што пишуваше тогаш ЦИВИЛ Медиа, европратениците по откритијата за обиди од страна на Кремљ за вмешување и поткопување на европските демократски процеси, усвоија резолуција со која го повикаа политичкото раководство во ЕУ и земјите-членки итно и енергично да се спротивстават на обидите за руско мешање.

Сега истиот тренд продолжува и по објавените резултати од гласањето за еврпскиот парламент во неделата.  Како што забележа Мониторинг тимот на Цивил, некритички се пренесува навредливата изјава на претседателот на Државната дума на Русија, извесен Володин: „Макрон и Шолц се срам за Европа“, во која ги коментира резултатите од Европската Парламентарни избори (ЕП), објавени од рускиот пропагандистички канал Спутник…

…како и објавата на заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на Икс во која со непримерен говор ги пензионира Шолц и Макрон и ги испраќа на ѓубриштето на историјата.

Настрана што коментарите доаѓаат од високи политички претставници на земја во која се задушени повеќето основни човекови права, меѓу кои и оние за фер и демократски избори, а на „неподобни“ противкандидати не им се дозволува учество во изборниот процес, а некои од нив завршуваат во затвор, кој на крајот, резултира со „ненадејна“ смрт, тука се споделуваат нивните паушални тврдења и навредувачкиот говор на омраза во функција на руската пропаганда дека во ЕУ ( кон чие членство се стреми и нашата земја) економијата стагнира, има миграциска криза, а земјите, според „рускиве експерти за европски прашања“, спротивно на нивните национални интереси, се вовлечени во војната во Украина, а „неспособната, идиотска економска и имиграциска политика на Шолц и Макрон кои ги поддржуваат националистичките власти во Украина по цена на животите на сопствените граѓани“.

Тука мора да го надополниме она кое при некритичкото пренесување на вести и изјави од руски извори овие македонски медиуми одбегнуваат да го именуваат со вистинското име – руската војна во Украина, што започна со целосната, неиспровоцирана руска агресија врз Украина пред три години.

Карактеристично за овие македонски портали е што според вообичаената пракса, пропагандистичките објави од Кремљ пренесени од руски извори, инаку забранети да емитуваат на територијата на нашата земја, се објавуваат речиси синхронизирано, во содејство со колегите од медиумите од соседна Србија,

Изјавите на некојси руски функционери, ирелевантни за ЕУ и за нашата земја, но во функција на анти-ЕУ и антизападните наративи на руските пропагандисти,  во про-рускиот дел од македонските медиуми се објавуваат интегрално, некритички и непотврдени, со единствена цел да ги девалвираат придобивките од европските демократски процеси и да ја поткопаат евроатлантската определба на Северна Македонија.

Во соработка со Мониторинг тимот на Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.