НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рамадани: Нема никаков политички и дипломатски бенефит по шест години да отвораме проблеми за Преспанскиот договор

0
By Marija Todorovska on June 17, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дебатата и контроверзите во врска со компромисот за името не престануваат, но едно е јасно и потврдено, Северна Македонија по Преспанскиот договор е членка на НАТО и ги отвори преговорите со ЕУ.

Пред шест години во Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, а Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија. Со тоа се отвори патот за Македонија кон евроатлантската интеграција, но и кон нови перспективи во билатералните односи со Грција.

Исмет Рамадани

– После 26 години од независноста на државата дојде до политички компромис за ваков договор, по Лисабонската декларација кога по барање на Република Грција се одлучи нашата земја да се признава како територија без името Македонија. Така во Обединети нации бевме примени со привремената референца БЈРМ. Иако се очекуваше дека брзо ќе се најде компромисно решение за името со медијаторот Метју Нимиц, тоа траеше со години, а државата беше блокирана од Грција за членство во НАТО и блокади на штета на државата. Имаше предлози со додавки и придавки за компромисно име но немаше политичка храброст за одлуки, кои рака на срце беа подобри и без „ерга омнес“. Челниците на државата и политичките чинители кога требаше да се донесе одлука се одлучија да ги отспиваат мандатите без да ризикуваат за изнаоѓање на компромисно решение. Но, после едно големо задоцнување, на политичката сцена се појавија двајца храбри лидери, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас кои смогнаа сили да изнајдат компромисно решение, земјата да се применува на Република Севрна Македонија, изјави за „Фронтлајн“, Исмет Рамадани – политички аналитичар.

Веднаш после тоа, додава нашиот соговорник, нашата земја ја доби поканата за членство во НАТО, а само после една година стана полноправна членка на Алијансата.

– Дебатата и контроверзите во врска со компромисот за името никогаш не престануваа и сè уште траат, но едно е јасно и потврдено, РСМ е членка на НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ. Денеска нашата земја е во сојуз со најдемократските и воено-политички земји. РСМ ужива извонредно почитување и углед во демократскиот свет. Затоа, настрана популизмот со ирационални политички флоскули во однос на нашиот јужен сосед. нема никаков политички и дипломатски бенефит, после шест години да отвориме проблеми за нешто што е затворено со меѓусебен и меѓународен договор. Секое враќање назад ќе има реперкусии за нашиот севкупен напредок во демократскиот свет, констатира нашиот соговорник.

На 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа. Договорот беше постигнат во времето на владеењето на СИРИЗА во Грција и СДСМ во Македонија, а го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.

Осум месеци по потпишувањето и откако беше ратификуван во нашето Собрание и во грчкиот Парламент, Договорот, на 12 февруари 2019 година и официјално стапи во сила. Подоцна земјата стана 30-та членка на НАТО и делумно се отвори патот за членство во Европската Унија.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

 

 

Исмет Рамадани Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.