Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нетанјаху ја распушти воената влада

0
By Marija Todorovska on June 17, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 17, 2024 14:27

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја распушти воената влада, која беше формирана по невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Според „Тајмс оф Израел“, доцна синоќа Нетанјаху му рекол на Воениот кабинет, мала група високи функционери од низа партии што беше формирана на 11 октомври за да управува со операциите против Хамас и Хезболах, дека тие официјално се распуштени.

Претседателот на умерената Партија на национално единство, Бени Ганц, еден од тројцата членови на владата, го напушти воениот кабинет минатата недела. Распуштањето се очекуваше откако екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир побара да биде вклучен во работата на воениот кабинет.

Се очекува Нетанјаху да донесе критични одлуки за војната за време на ад хок состаноци со помал број функционери без Бен Гвир и ќе бара одобрение за одлуките од поширокиот безбедносен кабинет, според Тајмс оф Израел.

Според локалните медиуми, демонстрантите втор ден по ред блокирале голем број клучни автопати и патишта со своите автомобили. Тие бараат избори, но и постигнување договор за ослободување на заложниците кои Хамас ги зеде за време на нападот на 7 октомври.

За вечерва е најавен голем протест кој треба да се одржи во 19 часот пред израелскиот парламент, Кнесетот, а потоа демонстрантите ќе маршираат кон резиденцијата на премиерот Нетанјаху.

Организаторите на протестот вчера најавија дека целта им е да изнесат еден милион луѓе на улица. Тие бараат Израел да одржи избори пред годишнината на 7 октомври од нападот на Хамас.

воена влада Нетанјаху
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.