НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фрлена ракавица

0
By Zoran Ivanov on June 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трите темелни договори за функционалност и опстанок на Северна Македонија како современа, граѓанска и европска и евро-атлантска држава, сите влезени во преговарчаката рамка и стратешкиот однос со САД, свесно се компромитираат.

Црвената линија која се преминува уште на самиот почеток, е опасност за сите, ама одговорот го должат засегнатите, особено најгласните ЕУ промотори. Декларативните и суштинските.

Краток е патот од граѓанска и мултиетничка држава во квази-национална, а особено со замижувањето пред “фрлената ракавица” длабоко од “српскиот свет”. Или Отворен Балкан им звучи попрефинето на досегашната про-европска власт, а сегашна опозиција?

Никица Корубин

Додека се посегнува по сите финти на толкување и повикување на членот 7 и дефиницијата во договорот на терминот “Македонија” во Преспанскиот договор, за (зло)употреба на сопственото уставно име, во искрена или намерна провокација; владата во најава уште неизбрана, експресно ја губи можноста да се нарече “проевропска”, а уште помалку “про-ЕУ”. Топтан со мнозинската коалиција. Дури и декларативно. Дали целосно ќе ја загуби, зависи исклучиво од нив самите.

Тоа што на тест ги става албанските коалициони партнери ВЛЕН, кои предизборниот услов да влезат во влада и власт која уставните измени ќе ги има за приоритет, изборно ги претопија во грејс период од шест месеци, свесно превземајќи го товарот на мантрата “барање гаранции и преговори”, а на штета на сопствениот кредибилитет за да го стопат целосно (кредибилитетот и европската агенда) со целосно потчинување на вољата на најголемиот коалиционен партнер кој безмилосно им ја “фрли ракавицата”, е изборот на конкретни министри за конкретни ресори. Ним и на сите нас како граѓани.

Па така, покрај формализираното антибугарство преку неизгласувањето на уставните измени, преку формализираното антихеленство преку неизговарањето на сопственото уставно име, се дојде до крајната цел, формализирано антиалбанство преку потчинување на албанството на “српскиот свет”. Кога веќе македонството доброволно го ставаат на располагање.

Трите темелни договори за функционалност и опстанок на Северна Македонија како современа, граѓанска и европска и евро-атлантска држава, сите влезени во преговарчаката рамка и стратешкиот однос со САД, свесно се компромитираат.

Дали има дилема како ќе се одговори на “фрлената ракавица” или единствената дилема е дали таа само (не)свесно се прифаќа? Но прифаќањето (беспоговорно) на овој “жежок костен” може да означува крај на уште незапочната политичка агенда, кариера (во ново руво) и добра намера.

Правилата, етиката и стандардите се јасни за ликот на влада на НАТО членка и ЕУ кандидат, подеднакво за сите нејзини лични и колективни чинители. Оттаму, црвената линија која се преминува уште на самиот почеток, е опасност за сите, ама одговорот го должат засегнатите, особено најгласните ЕУ промотори. Декларативните и суштинските.

Затоа што освен што ВЛЕН декларативно се прогласија за чувари на “ЕУ патот”, иако практично успеваат да направат “грешки во чекори” или грешка во секој нареден чекор со двосмисленото поведение “едно говорам, ама друго правам” за власт по секоја цена, хендикепирани со предизборна анти-ДУИ мантра, како да превидуваат дека нивното “ДУИ во опозиција” нема никакви допирни точки со шовинистичкиот анти-албански параван “ДУИ во опозиција” синхронизирано употребуван од македонските партии.

Па, оттаму, како да ја забораваат силата и моќта која ја имаат со претставувањето на граѓаните Албанци во парламентот, таа врзивна и суштинска нишка, што и е животно неопходна на Северна Македонија низ овие триесетина години независност и тежок пат до влезот во НАТО и пред портите на ЕУ.

Но, што всушност тој член 7, според кој “произлегува вековното право” на про и пост југословенското (Република) Македонија? Освен што говори за објаснување на разбирањето на терминот “Македонија”, а не името на државата, говори и со јазикот на официјалната историја на двете држави, што на никој начин не го исклучува другото и различно разбирање на тој термин. Со други зборови, Македонија може да означува и “словенска и хеленска”, но не може едната да има монопол над другата, што дефакто се демонстрира со именувањето на државата како “(Република)Македонија” што употребата ја прави “демонстрација на превласт”, а не “демонстрација на право”.

Идентично како што правата на Албанците, од (компромитираниот) устав и меѓународниот правен поредок (заштитата на Охридскиот Договор), се пренесува во фактичката превласт на “македонски” и “Македонија” над Албанците. Краток е патот од граѓанска и мултиетничка држава во квази-национална, а особено со замижувањето пред “фрлената ракавица” длабоко од “српскиот свет”. Или Отворен Балкан им звучи попрефинето на досегашната про-европска власт, а сегашна опозиција?

“Фрлената ракавица” може да означува провокација, може да означува немоќ, но може да означува и “сламка за спас”. Се’ зависи од политичката свест, визија и интегритет. Од разбирањето на нештата, контекстот и иднината. Но, пред се’ од изворната намера за постапување или непостапување. Да видиме кој во овој врзан политички круг, со избрзани, а можеби и изнудени потези, има моќ да провоцира, нема моќ да прави нешто или само бара “сламка за спас”? За себе или за другите, времето ќе покаже можеби и побрзо од “шесте месеци за уставни измени” за тоа која обврска доследно ќе ги чека сите. И лажните и вистинските Европејци.

(Од Фејзбук ѕидот на авторката)

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.