Потпретседателот на САД, Џо Бајден вели нема воено решение за кризата во Украина. Тој за „Зидојче Цајтунг“ потенцира дека САД од самиот почеток на кризата во земјата, тврди дека нема воено решение.
Оваа изјава на Бајден доаѓа во моменти кога Украина очекува испорака на воена помош од САД, која според Бајден таа би била само помош „во доменот на безбедноста“, од типот на медицинска опрема, панцири, и техничка поддршка.
Висок претставник на администрацијата на американскиот претседател неодамна изјави дека Обама разгледува потенцијално испраќање на тешко оружје за украинската војска, но е загрижен како Русија би реагирала на тоа.
Претседателот на Украина, Петро Порошенко во интервју за германски медиум, побара од членките на НАТИ да испорачаат оружје во неговата земја, како би се одбраниле од „агресорот“.




