Published: Thursday, February 5, 2015 13:38
Исламската држава егзекутирала тројца Кинези, кои се бореле во нејзините редови во Ирак и Сирија, но се обиделе да побегнат, пренесуваат медиумите од светот.
Едниот од нив бил осуден од ИД и застрелан во Сирија, а другите двајца се обезглавени во Ирак.
Убиствата се извршени во септември и декември минатата година.
Заедно со двајцата кинески џихадисти во Сирија, исламистите обезглавиле уште 11 свои борци од различни земји. Тие биле обвинети за предавство и обид за бегство од редовите на терористичката организација.
Кинеските власти сметаат дека околу 300 кинески екстремисти се борат во редовите на ИД.




