Новата власт во Северна Македонија се доведе во тешка позиција и треба да излезе од неа. Употребата на уставното име само во писмена форма, но не и во усна, ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија. Што ќе се случи ако треба да напишат една изјава употребувајќи „Северна Македонија“ и во продолжение да треба да ја прочитаат на глас? Ова политика не е одржлива долгорочно и нема да им дозволи да ја играат соодветната улога во светската заедница, вели медијаторот Метју Нимиц за „Катимерини.
Во интервјуто што е под наслов „Сите да размислат што добија од Преспа“, специјалниот претставник на ОН во разговорите за името Метју Нимиц говори за придобивките од Договорот, но и за ставовите на новата Влада кај нас.
Ако некој следи погрешен пат, најдоброто решение, кога ќе го сфати тоа е да се коригира. Самоуверена и психолошки силна личност ќе го направи тоа брзо. Може да постои некое оспорување за околу една седмица, но работите набргу ќе се движат поконструктивно. Другите лидери и јавноста ќе ја препознаат корекцијата и ќе го почитуваат лидерот кој во од се прилагодува. Врз основа на оваа филозофија за справување со реалноста, раководството на Северна Македонија, според мене, треба да признае дека „Република Северна Македонија“ е името на државата, дека тоа е убаво и чесно признаено во целиот свет, во ОН, НАТО и ЕУ и е име за кое треба да се горди, објаснува Нимиц.