Доцна синоќа албанскиот Парламент за нов гувернер на Централната банка на Албанја го избра Гент Сејко.
Сејко е избран на оваа висока функција по шест месеци пауза во Централната банка по заминувањето на Адријан Фулани од функцијата гувернер поради грабежот што се случи на над седум милиони евра во националната банка.
Тој има дваесет годишно банкарско искусто. Дипломирал на економскиот факултет на Универзитетот во Тирана, во 1991 година, магистрирал на Унверзитетот во Глазгов а докторирал на тема „Улогата на банките и нивна приватизација во трнзициските економии“.
Работел во Централна банка на Албанија, како и во други странски банки во Албанија. Од јули 2010 година е заменик генерален дирекор на „Сосиете женерал Албанија“.
Мандатот на гувернерот е седум години со право на реизбор.




