Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Лајка“: Напуштањето домашни миленици интензивирано во летниот период

0
By Marija Todorovska on June 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 27, 2024 13:04

Семејството на одмор, миленикот на улица? Не постои оправдување, велат од Јавното претпријатие „Лајка“, појаснувајќи дека напуштањето миленичиња е интензивирано во летниот период.

– Напуштањето домашни миленици е суровост и злоупотреба што мора соодветно да се превенира, а доколку се случи, најстрого да се санкционира неодговорниот сопственик, согласно закон. Улицата е сурова за секое животно. Животните кои не се растени на улица, туку исфрлени, немаат стекнати основни животни вештини за преживување, се плашат, запаѓаат во депресија поради напуштеноста од семејството кое го познаваат и сакаат, па така исходот е неретко фатален – умираат удрени од коли, неприфатени од населението, гладни и жедни, несреќни, пишува во денешното соопштение на претпријатието.

Животните не се играчки за се фрлаат кога ќе ни здосадат, или заменат за нова играчка, апелираат од ЈП „Лајка“.

– Одговорното сопствеништво е клуч за решавањето на прекубројноста на бездомните кучиња на улиците. За жал, ЈП „Лајка“ се соочува со секојдневно напуштање животни кои имале сопственик, а таквата пракса е интензивирана во летниов период – секојдневно наидуваме на нови, преплашени, дезориентирани кучиња кои евидентно биле нечив сопственик, како и на цели исфрлени легла, истакнуваат од „Лајка“.

Секој убаво да размисли, советуваат оттаму, пред да земе куче.

– Дали одговара на вашите можности, животен стил, темперамент – дали имате воља, можности и предуслови за грижа, љубов, внимание, до неговиот последен ден. Размислете и проценувајте брзо, пред да го земете, или додека е мало. Сѐ останато е неодговорност и суровост и нема оправдување, подвлекуваат од „Лајка“.

домашни миленици Лајка лето одмор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.