Published: Friday, February 6, 2015 13:28
При синоќешниот телефонски разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и новиот премиер на Грција Алексис Ципрас, тие се договориле да ги зајакнат билатерланите односи.
Во разговорот Путин го поканил Ципрас да ја посети Москва во мај.
Тие се договориле да ја зајакнат соработката во економијата и енергетиката, туризмот, културата и транспортот, а ја истакнале и потребата да се обезбеди мир во Украина, соопштија од Кабинетот на Ципрас.
Ципрас ја исклучи можноста од барање финансиска помош од Русија.




