НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Архиепископот Стефан му честиташе на новиот, проруски бугарски патријарх Даниил, братски ќе сослужуваат на браникот на Московската патријаршија

0
By Marija Todorovska on July 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДРАГАН МИШЕВ

Архиепископот Стефан од Свое и од името на архиереите, чесното свештенство, преподобното монаштво и верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, му го честиташе изборот за нов патријарх на Бугарската православна црква (БПЦ) и митрополит софиски на патријархот Даниил и му посака мирно и плодородно првојерархиско служење.

Митрополитот Даниил Видински кој се смета за проруски ориентиран, близок со Москва, беше избран за нов патријарх на БПЦ и митрополит софиски во неделата, 30 јуни, од делегатите на Патријаршискиот изборен црковен собор по вториот круг на кој противкандидат му беше митрополитот врачански Григориј.

Архиепископот Стефан, кој во честитката се претставува како собрат и сослужител пред престолот Божји со патријархот Даниил, го нарече софискиот митрополит „богољубив, правдољубив и ревносен Архипастир исполнет со ревност кон Божјото слово, грижлив Патријарх кој внимава на чистотата на православната вера, но и смирен молитвеник за богомдоверената му паства“.

Колку овие фалоспеви за новиот бугарски патријарх од устата на македонскиот архиепископ Стефан кореспондираат со делувањето на Даниил од позицијата која ја претставува, може да се согледа од неговиот став кон целосната руска агресија на Украина, каде тој ја нарекува Украина агресор и, исто така, посочува дека Украина е креација на Ленин.

Богољубивоста и правдољубивоста, и особено молитвената смиреност, епитети со кои го почести г.г. Стефан,  Даниил ја покажа, исто така, кога го критикуваше затворањето на Руската црква во Софија минатата година и изрази револт по одлуката да се протера нејзиниот поглавар, архимандритот Васијан и уште двајца свештеници под сомнение за шпионажа. Прогласување на руски свештеник, кој очигледо не бил редок гостин во МПЦ,  се случи и во нашата земја, но изостана јавно изјаснување по ова прашање од страна на великодостојниците на МПЦ-ОА,  како што пишуваше претходно Љубомир Костовски во анализата за ЦИВИЛ Медиа.

Честитките на Архиепископот на МПЦ-ОА за изборот на бугарскиот патријарх доаѓаат во време на судир меѓу вселенскиот патријарх Вартоломеј и Руската православна црква, која тој отворено ја критикува за споделување на одговорноста за руската војна во Украина, а рускиот патријарх Кирил отворено ја поддржува воената агресија на Москва. Не случајно, осуда на руската агресија и на поддршката за неа од страна на московското свештенство не дојде ниту од стана на МПЦ-ОА, напротив.

Даниил Видински јавно го нападна Вселенскиот патријарх и го поддржа ставот на Московската патријаршија по одлуката на Вселенскиот патријарх во 2019 година да и даде автономија на Православната црква на Украина, која Московската патријаршија не ја признава. Дали ова беше поведението по кое г.г. Стефан се нарече собрат и сослужител пред престолот Божји со патријархот Даниил, кого најверојатно го гледа како помагател во спротивставувањето на наводните поставени неприфатливи услови на Вселенската патријаршија до МПЦ-ОА,  откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора (за овие наводни барања, неколку други свештеници на МПЦ – ОА се изјаснија дека не кореспондираат со вистината) и, замислете, признавање на Православната црква на Украина. Цариградската патријаршија бара да одржиме заеднички молебен со претставниците на Украинската православна црква и тоа го третира како некакво меко признание кое вистинското го одложува на подолг рок, а кое нашата црква, заглавена во Бермудскиот триаголник на Кремљ и Руската православна црква, тоа го одбила.

Тоа што постојат очигледни паралели помеѓу непризнавањето на Украинската православна црква од страна на Московската патријаршија и непризнавањето на МПЦ-ОА од страна на БПЦ, како и помеѓу тврдењата на Кремљ дека Украинците се творевина на Ленин и негаторските бугарски ставови дека македонската нација е творевина на Тито, за мирополитот македонски не се пречка да го поздрави изборот на својот проруски ориентиран бугарски собрат.

Цивил Медиа 

Архепископ Стефан БПЦ бугарски патријарх Даниил МПЦ- ОА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.