Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратеник од Советот на Европа и пријател на Азербејџан со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

1
By Светлана Јовановска on February 6, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 6, 2015 19:46

Од седиштето на Советот на Европа во Стразбург денес пристигна вест дека претседателот на Европската народна партија, сестринска партија на ВМРO-ДПМНE, Педро Аграмунт, шпански пратеник, испратил соопштение со поддршка до владеачката партија.

Соопштението на Аграмунт изразува загриженост за обидот за недемократското преземање на власта и неодговорното однесување на политичката опозиција.

Овој шпански демохристијанин е известувач за Азербејџан во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбург. Но, неговите извештаи за политичките затвореници во Азербејџан се предмет на значајна контроверза во Советот на Европа.

Организациите за човекови права како Хјуман Рајтс Воч ја критикуваат неговата блискост со режимот во Азербејџан и сметаат дека Шпанецот не направил ништо за да фрли светлина врз бројните нарушувања на човековите права во оваа азиска земја.

Европската иницијатива за стабилност минатата година бараше оставка од Аграмунт тврдејќи дека тој систематски ги покривал нарушувањата на човековите права во Азербејџан.

«Подобро би било за Педро Аграмунт да даде оставка од својата позиција во ПССЕ како известувач за Азербејџан отколку да остане на оваа позиција во 2015 година. Овој чекор би им дозволил на набљудувачите на Советот на Европа да продолжат да играат значајна улога во Азербејџан. На оваа земја и е потребно кредибилно набљудување повеќе од кога и да е досега», вели ЕСИ во еден свој текст за Аграмунт.

Инаку, Европската народна партија во Европската унија се уште не реагираше на настаните во Македонија. Наместо нив, со соопштение се јави словачкиот претеник од оваа партија Едвард Кукан кој рече дека “напнатите односи помеѓу владеачката партија и опозицијата добија ново свртување кон полошо кога лидерот на опозицијата Зоран Заев беше обвинет дека го нарушува уставниот поредок”.

Пратеникот побара од ВМРО-ДПМНЕ, кој и е партнер на Европската народна партија, да “ги почитува демократските принципи како што е јасната разделеност помеѓу партијата и државата и независноста на судството кои треба на транспарентен начин да превземат политички сензитивна истрага”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.