Во пресрет на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД, каде што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека ќе го отвори прашањето за почитувањето на Договорот од Преспа, Пентагон повика спорот меѓу земјите да се остави надвор од НАТО.
Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд. Тој истакна дека САД силно го поддржуваат Договорот и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО.