Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис од говорницата на Самитот во Вашингтон ќе го прозве Мицкоски, извесна е средбата со Ердоган

0
By Marija Todorovska on July 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 9, 2024 09:33

Од седиштето на НАТО во Вашингтон, се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да го разоткрие запалливото однесување на Северна Македонија – против меѓународните договори потпишани меѓу нејзините членки – и да побара апсолутно почитување на Договорот од Преспа, пишуваат грчките медиуми како најава за Самитот во Вашингтон на кој на иста маса ќе седнат и македонскиот и грчкиот премиер.

-Со доаѓањето во американската престолнина, Христијан Мицкоски ѝ даде на Грција нова причина да го критикува ставот на новото раководство на Северна Македонија, додека со интерес се чека ставот на Киријакос Мицотакис. Во својата видеопорака Мицкоски не се двоумеше уште еднаш да ја нарече својата земја без уставното име… Зборуваше за „Македонија“, за „македонската“ дијаспора, но и за „македонските“ иселеници. Се очекува Кирјакос Мицотакис да го покрене ова прашање на највисоко ниво – пишува грчки Њусит.

Грчкиот портал нагласува дека Мицотакис, „непримерното однесување на соседната земја“ ќе го покрене директно на Самитот и ќе побара апсолутно почитување на меѓународниот Преспански договор, испраќајќи уште еднаш јасна порака дека европската перспектива на Скопје минува низ Грција.

-Од говорницата на Самитот на НАТО, тој ќе нагласи дека Северна Македонија со низа сериозни изјави на нејзиното ново раководство – и од нејзиниот премиер и од новата претседателка Гордана Сиљановска – го прекршува меѓународно договореното и изгласано од двете држави, главно со непридржување кон сложеното име за севкупна употреба (ерга омнес). Ставот на Атина е дека присуството на Северна Македонија во НАТО – чиј член е од март 2020 година, е резултат на Договорот од Преспа – со што се става Северноатлантската алијанса пред нејзините одговорности да ја отповика одлуката – пишува порталот.

Во период на поширока нестабилност, со пресврти на политичката сцена во Франција, но и претстојните претседателски избори во САД во ноември, грчката дипломатија се прилагодува на новите услови и ги зајакнува своите сојузи, пишува грчки Јуротудеј.

-Сепак, отворените фронтови со кои треба да се справи Кирјакос Мицотакис во надворешната политика ја засегаат Северна Македонија и провокативната реторика на нејзиното ново раководство, но и Албанија и случајот Белерис, имајќи предвид дека и Христијан Мицкоски и Еди Рама учествуваат во НАТО. Во овој контекст и на највисоко ниво и пред сојузниците, се очекува премиерот да го постави прашањето за Северна Македонија, повикувајќи го своето ново раководство да се придржува до договорените услови, главно прашањето за сложеното име ерга омнес. Како што истакна владиниот претставник, Кирјакос Мицотакис ќе потенцира низа изјави кои се во спротивност со Договорот од Преспа, односно за што гласале двете држави – пишува Јуротудеј.

-Но, на овој Самит на НАТО на конференциската маса ќе биде испишан зборот „Северна Македонија“. Со други зборови, на официјалниот знак што ќе го има господинот Мицкоски пред себе што секој ќе го чита и со кој ќе му се даде (ако му се даде) збор, ќе гласи „Северна Македонија“. Без оглед дали му се допаѓа или не на господинот Мицковски. Крај на приказната – пишува То вима и додава дека „Атина очекува јасна порака од Алијансата до Владата во Скопје да ги остави настрана игрите и наводната лајонизација, иако сомнително е дали тоа ќе се сфати сериозно. Во секој случај, Атина им ја објасни својата позиција на клучните сојузници и постои консензус за ситуацијата“.

Грчките портали ја пренесуваат и вчерашната изјава на портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис дека „нашата соседна земја не ја почитува ниту првата страница од овој Договор и сигурно е дека Кирјакос Мицотакис ќе го покрене тоа прашање“.

Засега не е планирана средба меѓу Мицкоски и Мицотакис во американската престолнина, иако не е исклучена кратка средба во четири очи на маргините на јубилејниот Самит на НАТО.

Македонската Влада вчера соопшти дека грчката страна досега нема побарано средба со македонската делегација во НАТО, но изрази подготвеност да разговара за сите прашања, вклучително и за исполнување на Преспанскиот договор.

-Веќе е познато дека Договорот се почитува од македонските власти, но таков дијалог би бил добра прилика да се види кои работи ги исполнила и грчката страна во рамките на обврските кои се преземани со овој договор. Би било многу попродуктивно да се разговара за јакнење на економските односи меѓу двете земји и подобар живот за граѓаните, отколку јакнење на политички позиции и националистички страсти – соопштија од македонската Влада.

Портпаролот Маринакис вчера не ја исклучи можноста грчкиот премиер во Вашингтон да се сретне со премиерот Мицкоски, но и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган заради нарушените грчко – турски односи, посебно по прашањата за островите во Медитеранот и за Кипар.

-Досега, Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, немаа затворена средба, за да разговараат и да го забележат напредокот во грчко-турските односи, иако двете страни изразија подготвеност да ги обноват контактите во Вашингтон. Не е исклучено да има билатерална средба во контекст на нивното присуство на Самитот на НАТО – рече владиниот портпарол.

Сепак, вчера беше направен уште еден чекор во мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција, на средбата што во Атина ја одржа началникот на флотата, вицеадмиралот Полихронис Кулурис со неговиот турски колега Кадир Јилдиз, а разговорите продолжуваат денеска, потсетува порталот.

Извор: Слободен Печат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.