НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данело, село невесело!

0
By Zoran Ivanov on July 10, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ треба да ни се извини за Данела Арсовска. Прво тоа, а после нека фантазираат за брз урбан воз од Ѓорче Петров до Центар. Снемува наивни!

Соња Христовска Угриновска

Несреќата не доаѓа тивко – со трубачи го прослави мандатот Данела Арсовска, најкатастрофалната градоначалничка на некогашниот град Скопје, кое сега е претворено во село невесело, во кое под нејзино раководство нема што нема. Нема автобуси, нема јавни чешми, нема простори за рекреација, нема хигиена, нема чист воздух, нема игралишта, нема култура, нема ред. Веќе немаме ни град.

Ама затоа си ја имаме Данела која, пак, којзнае што сè веќе си има, затоа што ние снемавме! Имаме и Јавно обвинителство, па нека проверат во наше име – зошто половина милион скопјани останавме без организиран град и без достоинство.

Не се наш проблем проблемите на градското претпријатие ЈСП, наш проблем е ако немаме јавен превоз за да си одиме дома по завршените дневни обврски. Како вчера попладне, на 8 јули, кога повеќе часови немаше ниеден автобус да ги собере стотиците патници што чекаа на вжештениот асфалт на „Партизанска“. Сликата беше надреална, како холивудско постапокалиптично сценарио. Стари лица, луѓе по напорен работен ден, мајки со деца, граѓани што пазарувале со тешки торби во рацете, беа оставени немилосрдно да ги чекаат автобусите што доаѓаа само на мобилната апликација и на дисплеите на станиците. Со часови! Кога конечно дојде долгочеканата „22-ка“, беше толку преполна што не можеше да собере ни стапало повеќе, а камоли човек, па патниците се качуваа во други автобуси што случајно наидуваа за да мрднат две-три станици подолу, па пак во друг автобус. И така, стотици скопјани изгубија три часа на пеколна жештина патувајќи со по три-четири автобуси за пат што би требало да трае 40 минути, со еден! Многумина не стасаа до крајната дестинација со автобусите за кои платиле билети, туку дополнително плаќаа такси или ги викаа домашните да ги земат со автомобили!

Толку модерен град ни донесе Арсовска, која на изборите настапи со програмата „За модерно Скопје“, што по неа ќе ни требаат години да го демодернизираме!

Тешко е да имаш, па да немаш. Денес имаш редовен превоз, утре си пеш, денес си градоначалничка, утре си улична мета за плуканици, можеби и затвореничка. Секому заслуженото, велат, па веројатно и ние заслуживме најпосле да сме граѓани без град!

Како?

Едноставно, гласајќи за погрешни кандидати од мандат во мандат и молчејќи за сè што ни го снемуваше пред очите. Во мандатот на Ристо Пенов ги снема стариот плоштад и езерото Треска, и кога мислевме дека ќе нема полош од него, изненадување, во мандатот на Трифун Костовски снема каква било акција и Скопје се запусти, па по него, уште полошо, во мандатот на Коце Трајановски од премногу акција ги снема дрвјата и многу други нешта, а во мандатот на Петре Шилегов ја снема надежта за убаво Скопје.

Во мандатот на Данела, конечно, го снема градот.

За неа, без чест и совест, тоа веројатно и не е некаква загуба, оти, се обложувам, сега некој да ја праша да дефинира што е тоа град, госпоѓата нема да знае! Ама ние ем знаеме, ем се сеќаваме, ем гледаме како е во други градови.

Денеска тој некогашен плански урбанизиран простор на Скопје е куп нафрлани згради и улици, затрупани во ѓубре и обраснати во трње, апсолутно дехуманизирано подрачје во кое граѓаните гледаат да стигнат од точка А до точка Б, брзајќи панично како бубашваби кога некој ќе запали светилка!

Тоа ни е Скопје под водство на Арсовска, која го освои мандатот на будалаштини, кога во кампањата во 2021 година дрско му врати на експремиерот Зоран Заев за нападите дека е Бугарка, велејќи му дека треба да им се извини на скопјани што „неговиот Шилегов“ ги излажал и не реализирал ниеден проект. Хахаха! И победи, не оти имаше што да понуди со таа нејзина програма, туку затоа што, традиционално, народот сакаше да казнува наместо да избира, овој пат да го казни СДСМ. И, секако, зашто ја поддржаа од ВМРО-ДПМНЕ. Да не им заборавиме со каков кандидат нè почестија, а потоа се испокараа за „медот“ и го пуштија Скопје да отиде кон неврат!

ВМРО-ДПМНЕ треба да ни се извини за Данела Арсовска. Прво тоа, а после нека фантазираат за брз урбан воз од Ѓорче Петров до Центар. Снемува наивни!

Оти, колку и да ја гласаа скопјани од инает кон СДСМ, сепак, не ја гласаа за да им донесе град без воздух, без вода, без хигиена и без јавен превоз. Не е ова некогашното американско шоу „Баравте, гледајте“, ова е главен град на држава во Европа што треба да се развива, да се градат колектори, пречистителни станици, трамваи и да се креираат иновативни содржини на јавните простори од кои ќе ни биде мило на душата што и во наше Скопје ги уживаме благодатите на 21 век. Светски.

Ама не. Ние ќе си патуваме до дома со брзина на запрежни коли на калдрма од 19 век. Селски.

ВМРО-ДПМНЕ ни е многу должно веднаш да најде законски начин да се отповика кметицава и час поскоро да се укине оваа казна што ја издржуваме без вина. Во спротивно, на локалните избори во 2025 година ВМРО-ДПМНЕ ќе добие казна од нас, ама со вина. Линк

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

=============================

Соња Христовска Угриновска: Оти, колку и да ја гласаа скопјани од инает кон СДСМ, сепак, не ја гласаа за да им донесе град без воздух, без вода, без хигиена и без јавен превоз. Не е ова некогашното американско шоу „Баравте, гледајте“, ова е главен град на држава во Европа што треба да се развива, да се градат колектори, пречистителни станици, трамваи и да се креираат иновативни содржини на јавните простори од кои ќе ни биде мило на душата што и во наше Скопје ги уживаме благодатите на 21 век. Светски.

Ама не. Ние ќе си патуваме до дома со брзина на запрежни коли на калдрма од 19 век. Селски.

ВМРО-ДПМНЕ ни е многу должно веднаш да најде законски начин да се отповика кметицава и час поскоро да се укине оваа казна што ја издржуваме без вина. Во спротивно, на локалните избори во 2025 година ВМРО-ДПМНЕ ќе добие казна од нас, ама со вина. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.