Новиот грчки премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата влада ќе ги одржи сите ветувања од предизборната кампања, а Грција ќе го испочитува својот долг благодарение на „транзицискиот план“ од европските партнери, пренесуваат медиумите.
Тој уверува рече дека ги повикал партнерите на својата земја да седнат на преговарачка маса за да разговараат за начинот на исплатата на долговите да биде одржливо.
Ципрас повтори дека неговата влада во која се неговата партија на радикална левица Сириза и националистичката десничарска партија на Независни Грци, не сакаат продолжување на програмот на помош, туку транзициски план.
Програмата на кредитна помош на Грција истекува на 28 февруари. Уште треба да се преговара за последната транша од 7,2 милијарди евра, но новата влада не сака продолжување на тој програм туку ги повлекува мерките на штедење.
Државниот долг на Грција е поголем од 320 милијарди евра што е 174 отсто од нејзиниот БДП.
Ципрас во говорот во Собрание укажа и на историската обврска дека од Германија бара обештетување за Втората светска војна.
– Морална е обврската кон нашиот народ, историја и кон сите европски народи кои се бореа и крвареа против нацизмот, историска е обврската да се бара од Германија воена репарација и враќање на принудниот заем кој нацистите го земаа од окупирана Грција, а никогаш не го вратија, рече Ципрас.
Сириза пред изборите најави дека од Германија ќе бара обештетување од 162 милијарди евра што е еднакво на износот на половина од актуелниот долг на грчката држава кон странските доверители.




