НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ апелира од високите температури да се заштитат и домашните животни и миленици

0
By Marija Todorovska on July 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците. Од АХВ посочуваат дека намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст, се дел од последиците врз здравјето на животните кои може да ги предизвикаат високите температури.

Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите, се додава во соопштението од АХВ, може да биде причина за појава на топлотен удар, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на животните на сонце, при што исходот може да биде фатален за животните доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на нивната здравствена состојба.

– Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), суви слузници, зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат при посериозните случаи, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните, за што е неопходна итна реакција.
Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија и полека да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура треба да се намали со ставање на ладни облоги (покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа), туширање/прскање со умерено ладна вода, но треба да се внимава ладењето на животното да
не биде премногу брзо, предупредуваат од Агенцијата.

За да се обезбедат соодветни услови за животните на одгледувалиштата, при високи температури, додаваат, потребно е да се внимава и на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите.

– Животните треба да бидат заштитени од директнaта изложеност на сончевите зрачења, односно, во испустите потребно е да има натстрешници или природна сенка. На животните во одгледувалиштата треба во секое време да им е достапна свежа вода за пиење. Доколку животните одат на паша или треба да се транспортираат тоа треба да се врши во раните утрински или вечерните часови кога температурите се пониски. Сопствениците на домашни миленици треба да водат сметка милениците да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и да се избегнуваат прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните, доколку сте во можност и на бездомните за кои нема кој да се грижи, во услови на високи надворешни температури, обезбедете им доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода за пиење, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.

АХВ упатува апел до граѓаните да внимаваат на безбедноста на храна, каде и кога пазарат, но и како ја подготвуваат и чуваат истата со цел спречување на можноста од труење. Апел и до операторите со храна во услови на екстремно високи надворешни температури, да водат сметка за одржување на HACCP стандардите и принципите на добра производствена и
хигиенска пракса во производството, транспортот и трговијата со храна за да се превенираат можни ризици.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните граѓаните можат да ја пријават лично во Агенцијата, електронски преку info@fva.gov.mk или на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22.

АХВ високи температури миленици топлотен бран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.