НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден на Украинската Државност

0
By Marija Todorovska on July 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасада на Украина, СПЕЦИЈАЛНО  за ЦИВИЛ Медиа

Денес, 15 јули, кога утрото во Украина започна со воздушна тревога, поради полетување на МИГ-31К во државата агресор рф, го одбележуваме Денот на Украинската Државност, воспоставен со Указот на Претседателот на Украина од 24 август 2021 година. Овој меморијален датум има за цел да не потсети дека украинската државотворност има повеќе од илјадагодишна традиција, а нејзиното потекло лежи во Кијивска Рус, чиј центар бил Кијив.

На овој ден, ги почитуваме сите фази на нашата државотворност – од Кијивска Рус до денес, и сите оние кои вложија напори Украина да стане Независна Држава. Јадрото на државноста е волјата за самоопределување, историското искуство на народот, неговиот менталитет и правните традиции. А државата е начин да се обезбеди и гарантира целокупното постоење на нацијата.

Денот на Украинската Државност се одбележува истиот ден кога украинските христијански цркви го почитуваат споменот на државотворецот Кијивски, кнезот Володимир Велики, и Денот на Крштевањето на Кијивска Рус-Украина.

Кнезот Володимир Велики е персонификација на развојот на Кијивска Рус. Неговото прифаќање на христијанството како државна религија во 988 година стана цивилизациски избор за Украина. Кијивска Рус одржуваше политички, економски и културни врски со повеќето европски држави од тоа време.

Наследството на Кијивска Рус е грбот (тризубот), валутата и, што е најважно, Кијив како политички и културен центар на Украина.

По обновувањето на Независноста на Украина на 24 август 1991 година, тризубот како мал Државен Грб на Украина беше Усвоен со Резолуција на Врховната Рада на Украина на 19 февруари 1992 година. Уставот на Украина на 28 јуни 1996 година го утврди овој симбол на државноста.

Вооружените сили на Украина, одвраќајќи го агресорот – државата-терорист рф, заштитувајќи ги Суверенитетот и Независноста на Украина, докажуваат дека Украинците се нација-армија. Во текот на долгата историја, Украинците не ја напуштија борбата за слобода и стекнување државност.

Секојдневно рф фрла бомби и не престанува со ракетните гранатирања врз цивилното население на Украина.

Нуклеарната држава рф војува, вклучително и против децата кои боледуваат од рак, нанесувајќи директни ракетни удари врз болница во Кијив и други градови.

рускиот непријател, кој ја изгради својата државна политика на терор и заплашување, на нуклеарна уцена и смрт, е напаѓач деградиран по човечки квалитети и вредности, на кој Украинците му пружаат нескротилив отпор.

По тој повод, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на 873 ден од целосната руска воена агресија врз Украина, на мрежата Х напиша:.На Денот на Украинската Државност и Крштевањето на Рус-Украина, Украинците со оружје во рацете ја бранат Украина од руските освојувачи. Украинците сега се фокусирани на битката што треба да ја добијат. Тризубот е грб, наследен од Кијивските Кнезови,кој сега е на шевроните на борците кои се борат за животот на Украина.

 

                                        Херојството на Украинците ќе го победи рускиот агресор.

                                 Силата на Духот секогаш победувала над вооруженото                          дивјаштво.

                                      Ви благодариме што ги поддржувате Украина и Украинците.

                                                                        Слава на Украина!

                                                                        На Хероите Слава!

Цивил Медиа 

ден на украинска државност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.