Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од која „временска дупка“ излегоа часовниците на Мицкоски?

0
By Marija Todorovska on July 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 18, 2024 16:16

Драган Мишев

Интересот на јавноста за скапите часовници што новиот премиер Христијан Мицкоски ги пријави во имотниот лист во Антикорупциската комисија не стивнува.

Иако изостана некое посериозно истражување од медиумите кои, како по обичај за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, повеќето се прогласуваат за ненадлежни и си наметнуваат строга самоцензура, па тоа од нив и не може ниту да се очекува, за тоа колкав и каков имот стекнал сегашниов премиер на нашата земја, со професорската плата додека беше универзитетски професор и асистент на својот татко,  пишуваше неодамна ЦИВИЛ Медиа во текстот „Премиере, колку е саатот?“и се обиде да долови како успеал, во тој период да стекне, покрај другите „дребулии“,куќа од 400.000 евра и уметничка слика од 10.000 евра, да одвои скромен дел од околу 52.000 евра за 2 (два) рачни часовници од непозната марка.

Сега, БИРН ја продолжува приказната за премиерот-љубител на скапи часовници и недоследностите во неговите имотните листови во анализата „Временска дупка на часовниците на Мицкоски“.

Како што наведува БИРН, според информациите што тој ѝ ги дал на Антикорупциска, премиерот поседува повеќе рачни часовници, чија заедничка вредност за малку ја надминува сумата од 52.000 евра. Високата вредност укажува дека Мицкоски на левата рака менува неколку луксузни часовници, а не уверливите кинески реплики што може да се нарачаат од Али експрес за неколку стотици евра.

Меѓутоа, во анкетниот лист за неговиот имот нема информации колку часовници поседува премиерот, ниту од кој производител се. Овие податоци не ги обезбедивме ниту од неговите соработници, иако минатата недела испративме прашања.

Забележавме и недоследност во имотните листови што Мицкоски ги поднел како директор на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ) меѓу 2016 и 2017 година, споредено со имотниот лист што го поднел сега како лидер на владејачкото мнозинство.

Кога и како се стекнати часовниците?

Во најновиот имотен лист пишува дека се стекнал со часовниците во март 2015 и во јуни 2016, што го наметнува прашањето зошто не ги пријавил  во септември 2016 година, кога станал директор на државната компанија за производство на електрична енергија ЕЛЕМ или во август следната година кога ја напуштил функцијата. А, имал обврска да го стори тоа.

БИРН се обиде да добие одговор на овие дилеми, меѓутоа до објавувањето на овој текст немаше реакција од кабинетот на претседателот на владата.

Анализирајќи ги објавените фотографии на Мицкоски, БИРН консултираше познавачи кои ни помогнаа приближно да идентификуваме два од часовниците на премиерот. Тие кај него препознаа два модели од престижниот бренд „IWC шафхаузен“. Тие часовници не може туку-така да се купат во македонските продавници.

За да се набави „шафхаузен“, најмалку што треба е да се отпатува до некоја од балканските метрополи, меѓутоа и тогаш не е сигурно дека ќе може веднаш да се купи зашто често има листи на чекање за луксузните часовници.

На едно од интервјуата во улога на мандатар, Мицкоски на раката носеше часовник што изгледа како црн „IWC биг пајлот“, кој нов може да се набави за цена од околу 13.500 евра.

Пред две недели, пак, на средба со велешките пензионери, тогаш веќе како премиер, се појави со друг часовник, таканаречен „кронограф“. Тој според познавачите, исто така, е од брендот „IWC шафхаузен“. Некористена верзија на овој часовник, пак, се продава за 6.500 евра од официјалниот сајт на производителот.

Овие „парчиња“ може да се најдат и за пониска цена на пазарот на половни часовници, меѓутоа нивната вредност често не паѓа повеќе од 10 до 20 проценти, во зависност од моделот.

Во анкетниот лист за имотот на Мицкоски, јасно пишува дека куќата од 343 квадрати во Скопје ја стекнал преку договор за купопродажба, што упростено значи дека ја купил – не ја наследил, ниту, пак, му била подарена.

Меѓутоа, нема информации како ги стекнал часовниците.

Речиси во исто време со информацијата за луксузните часовници на Мицкоски, светските магазини објавија фотографии од новиот британски премиер Кир Стармер како на својата рака носи далеку поскромен часовник, „тисо PRX“, чија вредноста е нешто повеќе од 750 евра и тој, за разлика од „шафхаузените“, може да се купи во македонските продавници.

Сепак, како на лидер на најбогатата политичка партија во Европа, на Мицкоски не му доликува да носи ваква евтина стока, како неговиот британскиот колега.

Цивил Медиа 

Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.