Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожари и во јужна и северна Албанија, а критично е во Шенѓин

0
By Marija Todorovska on July 30, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 30, 2024 17:14

На територијата на Албанија беснеат пожари од големи размери како на југот така и во северниот дел на земјата.

Најкритична е состојбата во пристанишниот град Шенѓин, каде и покрај максималните напори, поради ветерот, тој веќе е блиску до хотелите, поради што почната е евакуација на туристите сместени во нив, но според медиумите се заканува и на блиските бизниси.

– Иако се гаснеше и во текот на ноќта и денеска пожарот сè уште не е ставен под контрола. Овде, во областа Шенѓин, за гаснење на пожарот распоредени се противпожарни единици од Тирана, Камза, Фиер, Берат, Лушња, Мирдита, Вау Дејс, Скадар, како и противпожарни возила на армијата и хеликоптер. Во последното деноноќие изгаснати се 13 пожари од 20 идентификувани, меѓу кои и пожарот на полето со отпад во градот Валона, рече Арбен Цара, генерален директор на Националната противпожарна служба.

Според него сè уште активни се пожарите во селото Зогај, општина Тропоја, кое е на административната единица со општина Хас и продолжува да биде активен со слаб интензитет на север од населбата Хајдармата. Структурите на локалната самоуправа, противпожарната единица, поддржани од вооружените сили ја продолжуваат операцијата на тоа подрачје.

Се работи на гаснење на пожарот во селото Хотен, општина Вау те Дејс. Пожарот е со слаб интензитет и не претставува опасност за населени места.

Битката со пламените јазици сè уште трае во подрачјето на јужниот град Ѓирокастро, каде има пожари на повеќе места. Во акцијата во моментов се ангажирани 107 доброволни сили од Општината, 50 припадници на армијата, вработени со договор и 14 пожарникари од Дирекцијата Ѓирокастро, поделени во групи.

Пожар од големи размери зафатил дел од шумскиот масив Завалина во управната единица Ѓинар на општина Елбасан, а денеска попладне пожар е регистриран и во Драч, каде е уапсен 64-годишен маж, кој го предивикал пожарот откако запалил отпад. Според албанскиот кривичен законик за предизвикување пожар предвидена е казна затвор во траење до 15 години.

Албанија пожар Шенѓин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.