Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во недела нови избори за градоначалник на Химара; Се бара долгорочно решение за платите на рударите од Трепча

0
By Marija Todorovska on August 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 1, 2024 14:02

Д. Тахири

На 5 јули, државниот комесар за избори на јавниот состанок по испитувањето на документите донесе одлука да се прогласи за неважечки и да се смета дека мандатот на градоначалникот на Химара, округ Валона, Алфред Белери, предвреме  е прекинат.

Со оваа одлука беше ставен во сила претседателот на Републиката кој со указ го објави датумот на делумните избори кои ќе се одржат на 4 август, оваа прва недела од овој месец за општина Химара, јавуваат албанските медиуми.

Повикувајќи се на соопштението на Самостојниот синдикат на рударите Трепча (СПМТ), иако е крајот на јули, на рударите не им се исплатени платите ниту за месец јуни.

За ваква ситуација, која се случуваше и во минатото, потребно е да се најде долгорочно решение и соработка и разбирање меѓу страните, реагираат од Центарот за стратешки судски случаи на Косово, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз: На изборите во Химара ќе гласаат над 22 илјади граѓани на 36 избирачки места

Химара има 36 избирачки места и Зонска изборна комисија. Општината брои повеќе од 22 илјади гласачи, кои на 4 август се повикани да изберат меѓу двајца кандидати кои ги поддржуваат вкупно 11 политички партии.

На 5 јули, државниот комесар за избори на јавниот состанок по испитувањето на документите донесе одлука да се прогласи за неважечки и да се смета дека мандатот на градоначалникот на Химара, округ Валона, Алфред Белери, предвреме  е прекинат.

Со оваа одлука беше ставен во сила претседателот на Републиката кој со указ го објави датумот на делумните избори кои ќе се одржат на 4 август, оваа прва недела од овој месец за општина Химара, пренесе Јава Њуз.

Телеграфи – „Вашингтон пост“ пишува за имигрантскиот камп во Шенѓин: Тоа ќе донесе економски бум во сиромашното подрачје

Во долга статија „Вашингтон пост“ пишува за многу коментираниот договор меѓу Италија и Албанија, за сместување имигранти во центар во Шенѓин, споменувајќи ги премиерот Мелони и Рама.

Таму се вели дека отпатувале во Шенѓин за да го посетат кампот, но не им било дозволено да влезат, додека комуницирале со жителите. Според нив, мештаните ја поздравиле изградбата на овој камп, бидејќи тоа би помогнало во економскиот раст.

Медиумите велат дека првите имигранти требало да бидат згрижени до утре, но очигледнo, изградбата  се уште не е завршена, пренесува Телеграфи.

КОСОВО

Бота Сот: Се бара долгорочно решение за платите на рударите од Трепча

Центарот за стратешки судски случаи изрази загриженост за доцнењето на платите на рударите од рудникот „Трепча Ш.А“.

„Во времето кога претпријатието „Трепча Ш.А“ треба да цели кон одржлив развој како претпријатие од посебно и витално значење за социјалната благосостојба на работниците и општиот јавен интерес, работниците од ова претпријатие не уживаат во своето време,  ниту платата, како основно право кое е загарантирано со сите локални и меѓународни правни акти. Повикувајќи се на соопштението на Самостојниот синдикат на рударите Трепча (СПМТ), иако е крајот на јули, на рударите не им се исплатени платите ниту за месец јуни. За ваква ситуација, која се случуваше и во минатото, потребно е да се најде долгорочно решение и соработка и разбирање меѓу страните“, се вели во реакцијата, пренесе Бота Сот.

Зери: Извештај на ИРИ: Високите цени и невработеноста најголемите проблеми на Косовците

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) го објави извештајот за Косово за месец мај 2024 година, во кој се покажува дека најважниот проблем со кој се соочува нашата земја се трошоците за живот или високите цени, како и невработеноста.

На прашањето на ИРИ до анкетираните  „кој е најважниот проблем со кој се соочува нашата земја денес? А кој е вториот најважен проблем?“, одговорите се следни: 33 отсто од нив се изјасниле дека главен проблем се трошоците за живот и високите цени, за разлика од 32 отсто кои тоа го навеле како втор проблем. Генерално, 65 проценти се изјасниле дека овие два се главните проблеми, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Лајм: Хероите на магариња, на македонските Албанци!

„Лидерите на албанските партии во РСМ, во ништо не се разликуваат едни од други, и не се водат од никакви национални идеали или интереси. Сите тие подлежат само на инстинктот за политички опстанок, по секоја цена.

Македонските политичари ова го читаат како нивна единствена стратегија за ‘преживување’ – што ја практикува првиот човек на ДУИ две децении – па и сега ги игнорираат, па дури и се потсмеваат на овие ‘албански патриоти’.

А знаејќи дека албанскиот владетел попрво би ја напуштил својата куќа отколку владата, денешниот премиер на Македонија не ги сфаќа сериозно предлозите за Академијата, ниту пак оние на задоцнетиот херој на магаре – шефот на ДУИ – за кантонизирање на земја.“, пишува Авторот Ким Мехмети, во колумната „Хероите на магариња, на македонските Албенци!, објавена во македонскиот портал Лајм.

Преземено: Цивил Медиа

Албански медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.