Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Украина никогаш нема да се откаже од своите територии бидејќи тоа би било напад врз Уставот

0
By Zoran Ivanov on August 1, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 1, 2024 20:58

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалните отстапки за ставање крај на војната што ја започна Русија ќе бараат референдум во Украина.

Сепак, тој додаде дека таквиот потег не е најдобрата опција бидејќи си имаат работа со рускиот претседател Владимир Путин и ќе биде победа за него ако земе дел од нивната територија.

Украина никогаш нема да се откаже од своите територии бидејќи тоа би било напад врз Уставот, рече тој, додавајќи дека секој таков потег е многу, многу тешко прашање.

Одлуките за територијалниот интегритет на Украина не може да ги носи претседателот, туку украинскиот народ, рече Зеленски, пренесува „Њузвик“.

Тоа е против уставот на Украина, а оние кои се на власт немаат официјално право да се откажат од своите територии. За да се случи тоа, украинскиот народ мора да го сака тоа, додаде тој, не исклучувајќи ја можноста за референдум по ова прашање.

Виктор Коваленко, украински аналитичар, вели дека предлогот за референдум на Зеленски е значајна промена во надворешната политика, што може да ја намали неговата популарност.

По две и пол години војна, Русија и Украина се далеку од преговори, но недамнешните истражувања во Украина укажуваат на промена на мислењето кај населението во однос на изгледите за преговори. Анкетата спроведена во мај од Киевскиот меѓународен институт за социологија (КИИС) покажа дека една третина (32 отсто) од Украинците би прифатиле отстапување територии за мир и независност, во споредба со 26 отсто во февруари оваа година и 9 отсто во февруари 2023 година. .

Повеќе од половина (55 отсто) сè уште се против отстапувањето на територијата на Русија доколку тоа би ја прекинало војната, но тоа е помалку од 74 отсто во декември 2023 година.

Зеленски минатиот месец изјави дека е подготвен да разговара доколку има добра волја од руска страна.

Тој рече дека руските претставници треба да присуствуваат на вториот мировен самит во ноември за да го претстават мировниот план кој вклучува повлекување на сите руски трупи од украинска територија. Од друга страна, Русија бара повлекување на украинските војници од сите четири анектирани региони.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.