Published: Thursday, February 12, 2015 16:05
Двајцата новинари на Ал Џезира кои останаа во затворите во Египет и по ослободувањето на Питер Грест на 2.февруари годинава, денеска се ослободени по над 400 дена поминати во затвор.
Затворањето на тројцата новинари минатата година покрена глобална кампања и згрозеност во новинарската фела на светско ниво.
Египетскиот суд одлучи новинарите Мохамед Фахми и Бахер Мохамед на слобода да го исчекуваат следното судско рочиште, во кое се товарат за поддршка на Муслиманското Братство, кое пак се смета за терористичка организација.
Нивното ослободување доаѓа по помалку од две недели откако беше ослободен Питер Грест.
Случајот со нив двајца во судовите ќе продолжи на 23.февруари.




