Published: Friday, February 13, 2015 11:30
Двајца украински пратеници се степале во холот на украинскиот парламент. По тепачката, на кратко било прекинато заседавањето и веднаш бил упатен повик за воведување кодекс за однесување на пратениците.
Во холот се степале пратеникот Јегор Собољев и пратеникот Вадим Ивченко поради законот за владеење со земјиштето.
Седницата ја прекинал претседателот на украинскиот парламент Владимир Гројсман а соопштил дека и двајцата ќе бидат казнети за своето недолично однесување со забрана за присуство на наредните пет заседавања.




