Published: Friday, February 13, 2015 12:10
Најмалку 19 луѓе се убиени а над 50 се повредени при напад на шиитска џамија во Пешвар, Пакистан.
Напаѓаџите на џамијата носеле униформи на безбедносните сили, соопштија претставници на Пакистан.
Според полицискиотп ретставник Рана Умер Хајат, неколкумина вооружени фрлиле гранати пред да упаднат во џамијата за време на петочните молитви.
Полициските и воените сили ја затвориле областа и во моментов се трага по напаѓачите, пренесува Ал Џезира.




