Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во Брисел рече дека неговата Влада, која е во разговори со Европската унија за нови услови за враќањето на долговите, нема да потклекне на притисок и да ги прекрши ветувањата врз кои грчкиот народ и ја довери власта на Сириза.
– Грција не уценувала и нема да прифати уцени, рече Ципрас по завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел.
Премиерот на Грција додаде дека во текот на самитот, Грција прифатила да започне технички преговори со своите партнери од Еврозната во пресрет на состанокот на министрите за финансии во понеделник.
Тој веќе поодмна бара нов договор за отплаќањето на долговите кој ќе биде прифатлив за сите инволирани, а ќе биде „одржлив“ за неговата земја.
– Заборавете ја програмата на Тројката, таа повеќе не постои, потенцираше Ципрас.
Според него, Грција не може да се споредува со другите земји, бидејќи мерките за штедење во неговата земја биле поостри, а нанеле само штета за Грците.




