Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ајде!: Измените за хонорарите се дискриминаторски и неуставни

0
By Нова ТВ on February 13, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

АЈДЕ! – платформа за граѓанска политика, со помош на граѓаните и еснафските здруженија, изготви нацрт-иницијативата за оспорување на уставноста на законите со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарите, а кои Собранието ги усвои во јули 2014. Овие закони, пред два дена, беа изменети во скратена постапка и повторно без консултација со засегнатите страни, велат од Ајде!.

– Ги известуваме граѓаните дека во иницијативата ќе бидат вклучени и последните измени на законите бидејќи и тие се неуставни по истите основи како и јулските закони. Во текот на идната недела, иницијативата на АЈДЕ! ќе биде достапна за секој граѓанин кој сака да се јави како нејзин поднесител. Дополнително ќе ги објавиме начинот и местото каде што иницијативата ќе биде достапна за потпишување, стои во соопштението.

Оттаму потсетуваат дека законите со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарите биле дискриминаторски зошто невработените се изедначени со вработените во поглед на плаќањето придонеси, а и натаму остануваат без какви било работнички права (право на платен годишен одмор, на пауза, на породилно отсуство, на формирање синдикати и др.).

– Вработените лица кои ќе плаќаат придонеси за хонорарите нема да добијат никакви дополнителни бенефиции. Тие нема да можат да одвојуваат средства за вториот пензиски столб, туку ќе ги полнат кусоците само на државниот пензиски фонд. Пресметувањето, пак, на стажот на невработените хонорарци и понатаму е неопределен. Ваквите закони внесуваат несигурност во правниот поредок и се спротивни на принципот на владеење на правото, велат од неформалната група слободоумни граѓани Ајде!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.