Документот на кој Македонија се согласила за да ги добие парите од Планот за раст на Унијата, а кои се условени со спроведување на реформите, покажува дека распуштање на Судскиот и Советот на обвинители нема да има.
Телевизија Телма го објави документот според кој Владата се согласила да нема распуштање на Судскиот совет, ниту, пак, распуштање на Советот на обвинители.
Нови членови на Судскиот совет (кои ги заменуваат оние на кои им е истечен мандатот) избрани согласно изменетиот закон.
Рокот за спроведување на обврската е декември 2025-та.
Претходно, во истот дел е усогласено и донесување на нов закон за Судски совет, во согласност со препораката што ја даде оценката мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет во септември минатата година и мислењето на Венецијанската комисија. Обврска што треба да се исполни до јуни 2025 година.
Со потпишувањето на документот Македонија ќе има на располагање 700 милиони евра. Европски пари од кои дел ќе бидат грантови, а дел заеми.
Со потпишување, односно ратификација на договорот, што се очекува да се случи до септември, Македонија ќе ги добие првите 70 милиони.