Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување на ЦГК: Пад на Владата од 1-во на 40-то место за транспарентност и јавност

0
By Zoran Ivanov on August 14, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 14, 2024 17:13

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од фондацијата Отворено општество Македонија.

Под „активна транспарентност“се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Постои и законска основа за проактивно објавување информации, која се наоѓа, пред сè, во Законот за слободен пристап до информациите од јавен  карактер, но и во низа други закони, како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и друго. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од добрата практика, а институциите имаат обврски за проактивно објавување информации и од акциските планови во рамките на иницијативата за Партнерство за отворена власт.

Според иднексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини, заклучоците се следни:

Од 1-во на 40-то место

  • Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена за 4 процентни поени (од 76 % на 80 %).
  • Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 %, а на општините 79 %. Во однос на лани, кај министерствата нема напредок, а општините се подобриле за 5 процентни поени.
  • Од владините институции, максималните 100 % активна транспарентност годинава ги задржа само Министерството за одбрана, кое четврта година по ред ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност. Владата падна од ланското прво место и 100 % на 40 место со 87 % активна транспарентност.
  • За прв пат годинава, дури пет општини, Берово, Битола, Валандово, Кавадарци и Кичево остварија 100 % активна транспарентност.
  • Својата активна транспарентност ја подобриле 71 % од вклучените институции.
  • Меѓу регионите, Источниот регион ја задржа и дури ја подобри лидерската позиција во однос на другите региони (со 88 % активна транспарентност), додека Скопскиот регион за многу малку ја избегна последната позиција на којашто се наоѓаше со години. Сега, на последно место е Североисточниот регион (со 72 % активна транспарентност).
  • Најмалку информации министерствата објавуваат за своите надлежности (78 % од можни 100 %), а општините за финансиите (67 % од можни 100 %).

Од владините институции, максималните 100 % активна транспарентност годинава ги задржа само Министерството за одбрана кое четврта година по ред ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност. Владата падна од ланското прво место и 100 % на 40 место со 87 % активна транспарентност, се вели во заклучоците од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во редовното годишно рангирање на институциите  што го спроведува од 2016 година.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.