Данската полиција денеска уби еден човек за кого се сомневаше дека вчера во Копенхаген уби двајца и рани пет полицајци за време на оружениот напад врз едно кафуле и врз синагога.
Полицајците го пресретнале осомничениот денеска на местото на вчерашниот настан, му наредиле да застане, меѓутоа тој почнал да пука и офицерите веднаш го убиле.
Нема други жртви по овој инцидент.
Првиот напад вчера се случи на сред бел ден во едно копенхагенско кафуле во кое гостите се расправале на тематата слобода на изразувањето, а во кавгата учествувал и контроверзниот шведски уметник Ларкс Вилкс кој подолго време добива закани поради карикатурата на пророкот Мухамед.
Наводно напаѓачот пукал со четириесетина куршуми и токму Вилкс бил метата, меѓутоа убиен е друг човек на возраст од 55 години, а ранети биле тројца полицајци. Данското министерство за внатрешни работи информираше дека напаѓачот избегал со „фолксваген поло“ и оти по него полицијата веднаш почнала да трага.
Неколку часа подоцна, во ноќта спроти недела пукано е во синагога во другиот дел од градот којшто е оддалечен од кафулето само половина час пеш. Еден маж бил погоден во главата и подоцна починал, а двајца полицајци се повредени, додека напаѓачот избегал трчајќи.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за овој инцидент рече дека е уште еден брутален напад врз темелните вредности и слободи, меѓу кои и слободата на изразувањето.




