НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата на Гаши

0
By Zoran Ivanov on August 21, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, Гаши се однесува различно од неговиот претходник Талат Џафери и затоа нема да ја поддржат интерпелацијата.

Соња Христовска Угриновска

Начинот на кој тој се однесува како спикер во Парламентот, како ги води седниците и се тоа што таму се случува претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот претходник – рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, Гаши се однесува различно од неговиот претходник Талат Џафери и затоа нема да ја поддржат интерпелацијата.

Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник за изградба на градски пазар во Неготино, тој кажа дека партијата не гледа причина за интерпелација на спикерот Гаши.

Начинот на кој тој се однесува како спикер во Парламентот, како ги води седниците и се тоа што таму се случува претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот претходник – рече Мицкоски.

Според него, коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица, има свои мотиви зошто поднесуваат таков тип на интерпелација.

Претпоставувам дека оваа коалиција и политичари од рангот на Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи и Али Ахмети им е подобра, отколку сегашната состојба, но јас не мислам дека е така и затоа нема да поддржиме ваков тип на интерпелација – изјави Мицкоски.

Пратеничката група на Левица на почетокот на месецов во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши. Интерпелацијата е ставена на дневен ред на 13. пленарна седница закажана за 3 септември.

Како што се наведува во изјавата, Гаши ја повредил секуларноста на државата кога на собраниска седница за одбележување на геноцидот во Сребреница заедно со други присутни изведе групна верска молитва.

Како втора причина за барање одговорност од Левица го наведуваат инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром.

Според Левица, Гаши како претседател на законодавниот дом направил и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што заклетвата што ја даде како веќе избран претседател прво ја даде на албански, а не на македонски јазик.

Од партијата сметаат и дека Гаши го злоупотребил Законот за државни симболи затоа што во слата во која се одржуваат пленарните седници на Собранието се поставени и симболи на НАТО и на Европската Унија, а не ставил на дневен ред точка за констатирање на престанок на пратеничката функција на Талат Џафери кој во исто време сѐ уште ја извршуваше функцијата технички премиер.

Пратениците од Левица наведуваат и дека при посетата на Гаши на Вашингтон за време на Самитот на НАТО со него патувала и неговата сопруга.

Според нив, Гаши не го почитува Деловникот затоа што седниците траат до доцна во ноќта, редовните координации меѓу партиите се случуваат „про форма“, а не ги почитувал и роковите за закажување седници. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.