Published: Monday, February 16, 2015 11:32
Турција поради безбедносни причини ја затвори амбасадата во Јемен, а амбасадорот и неговата администрација се вратиле дома, соопшти турскиот министер за надворешни работи.
Во Јемен веќе неколку земји ги затворија своите амбасади, меѓу кои ОАЕ, Шпанија, Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција, Италија и Велика Британија.
Советот за безбедност при ОН вчера едногласно ја усвои резолуцијата со која се повикува милицијата на шиитските Хути да ја предадат власта и да го ослободат претседателот на земјата.
Резолуцијата едногласно беше усвоена од 15 членки на Советот за безбедност.
Јемен неколку месеци веќе е во криза откако шиитските бунтовници ја зазедоа земјата и ја контролираат.




