И покрај договорот од Минск, примирјето на истокот од Украина се крши, а украинските и проруските сили едни со други се обвинуваат за кршење на договорот кој стапи на сила на 15 февруари.
Според потпаролот на украинската војска Антолиј Стелмак, проруските сили продолжиле со нападите на стратешките места кај железничкиот сообракај во Дебаљцево.
Најмалку пет украински војници се загинати, а 22 се повредени во нападите на проруските сили на местото Широкино, изјавил еден од потпаролите на украинската војска Дмитро Чали, пренесуваат медиумите.
Потпаролот на министерството за одбрана на самопрогласената Народна Република Доњцек, Едвард Басурин изјавил дека владините сили ноќеска започнале со гранатирање на Горловка.
Од ДНР изјавиле дека украинска страна денеска 17 пати го прекршила договорот и дека поради тоа неможе да го повлече своето тешко вооружување од границата, јавуваат Итар-Тасс.




