НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден на независноста на Украина, 2024: Украина ги афирмира демократските вредности, ја брани слободата, достоинството и различноста, го штити својот суверенитет и интегритетот

0
By Zoran Ivanov on August 24, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 24 август, Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста на Украина. Тој е основан во чест на исклучителен историски настан – усвојувањето во 1991 година од страна на Врховната Рада на Украинската ССР, со апсолутно мнозинство гласови, на Актот за прогласување независност на Украина. Овој документ ги круниса илјадагодишните аспирации на Украинскиот народ да има своја суверена држава и самостојно да ја одредува својата судбина.Прогласувањето независност е логичен заклучок на украинската државотворност, со оглед на тоа дека Украина ја слави илјадагодишната историја на својата државност. Треба да се почитуваат сите претходни фази – Кијивска Рус, Кнежеството Галиција-Волин, Големото Литванско Војводство, Украинската козачка држава, украинските државни формации од почетокот на ХХ век. Модерна Украина од нив ги наследи традициите на државноста.

Слободата и достоинството отсекогаш биле основни вредности за Украинците. Тие ја поттикнуваа борбата за независност. На почетокот на ХХ век, за време на Украинската револуција од 1917-1921 година, украинскиот народ успеа да ја оживее државноста, а на 24 август 1991 година истата беше обновена со Актот за прогласување независност на Украина. Усвојувањето на Декларацијата за државен суверенитет на Украина на 16 јули 1990 година беше важен чекор кон враќањето на историската правда. Тогаш Врховната Рада на Украинската ССР ја поддржа желбата на народот да ја елиминира политичката и економската зависност од московскиот центар и да изгради независна држава, да ја оживее националната култура и историската меморија.

Вековите без државност го чинеа Украинскиот народ неверојатни жртви. Само во ХХ век, милиони Украинци загинаа како резултат на Гладоморот, Холокаустот, државниот терор, депортациите и војните. Украинците паметат дека само силната сопствена држава е гаранција дека таквите трагедии нема да се повторат.

Појавата на суверена Украина одигра одлучувачка улога во распадот на СССР, конечното уништување на комунистичкиот тоталитарен систем. Ова го означи почетокот на нова етапа во развојот на демократската модерна Украинска држава. Денес, независноста на Украина е гаранција за слободниот развој на државите и народите во Европа и главната пречка за рускиот империјализам, кој се обидува да ја апсорбира Украина политички, економски и духовно. Во моментов, во услови на крвава вооружена агресија на русија против Украина, Украинците ја продолжуваат својата борба за сопствена Слобода и Независност.

Украинците се принудени да го бранат својот територијален интегритет и суверенитет од вооружената агресија на државата-терорист рф. Ова е борба не само за луѓето и територијата, туку и за правото да бидат свои, сами да одлучуваат како да живеат и каква иднина да изберат.

Силна и слободна украинска држава, активно и одговорно граѓанско општество и моќни вооружени сили се она што гарантира достоинствена и прогресивна иднина за сите Украинци и Европа.

Годините на независност му покажаа на светот дека Украина се појави како држава способна да ги афирмира демократските вредности, да ја брани слободата, достоинството и различноста, да го заштити својот суверенитет и интегритет. Украина успеа да изгради толерантно општество во кое различни етнички, верски и општествени групи наоѓаат заеднички јазик и меѓусебно почитување.

Украина ќе победи!

Слава на Украина!

На Хероите Слава!

Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.