НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Достоинствено чествување на Денот на независноста на Украина

0
By Xhabir Deralla on August 24, 2024 ВЕСТИ
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадата на Украина во Северна Македонија денес со пригодна свеченост која започна пред споменикот на Тарас Шевченко и продолжи во Алејата Украина во центарот на Скопје го одбележи 24 Август – Денот на независноста на Украина, објави ЦивилМедиа.

Претставниците на украинската амбасада, членови на здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинјка“, претставници на дипломатскиот кор, премиерот Христијан Мицковски, првиот вицепремиер Изет Меџити и повеќе министри во Владата на Северна Маједонија, како и голем бриј граѓани и новинарски екипи се собраа во паркот „Жена борец“ пред споменикот на Тарас Шевченко, од каде тргнаа во поворка до Алејата на Украина носејќи го големото украинско знаме и банерот со натпис – Русија е терористичка држава.

Пред присутните кај Украинската алеја со пригодни говори по повод Денот на независноста се обратија вршителот на должност амбасадор на Украина во Република Северна Македонија, Дмитро Керечанин и претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович, по што посетителите имаа можност да ја погледнат изложбата со цртежи изработени од деца од регионот Никопол, кој беше мета на руската агресија.

На 24 август, Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста на Украина. Тој е основан во чест на исклучителен историски настан – усвојувањето во 1991 година од страна на Врховната Рада на Украинската ССР, со апсолутно мнозинство гласови, на Актот за прогласување независност на Украина. Овој документ ги круниса илјадагодишните аспирации на Украинскиот народ да има своја суверена држава и самостојно да ја одредува својата судбина.

Изовр: ЦивилМедиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.