Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмичките средношколци протестираа против полагање математика

0
By Томе Христов on February 16, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 16, 2015 20:36

Сакаме да испратиме порака, да се слушне гласот на средношколците. И ние имаме свои права и ќе ги искористиме максимално, порачаа денеска струмичките средношколци кои излегоа на протестен марш по улиците низ Струмица. Тие велат дека се чувствуваат понижени, бидејќи им било одземено правото на избор на предмети за полагање.

Целта на протестот, според нив, е воведувањето на предметот математика како задолжителен предмет за државна матура, по завршувањето на четврта година и воведувањето на новитет во начинот на спроведување на електронско тестирање.

„Има голем број на ученици кои по завршување на средното училиште се определуваат за јазици или општествени науки. Воведувањето на математиката како изборен предмет за матура може да ни влијае на поените за влез во државната квота на уписот на факултет. Не сме сите склони кон математиката, ова е невиден апсурд, вели Вања Китанова ученичка во четврта година од СОУ „Јане Сандански“.

„Идејата е да се направи промена, бидејќи новите реформи во образованието лично влијаат на средношколците. Не е исто да полагаш мајчин јазик и математика, тежината не е иста. Најпогодени сме ние средношколците од општа гимназија, нека го има предметот математика за оние кои ќе се одлучат да полагаат на факултетите по природни науки, но не и на државна матура“, вели Марија Црвенкова.

Тие додаваат дека револтот е голем бидејќи претходно овој предмет беше изборен, а од оваа година се воведува како задолжителен. Средношколците изјавија дека е направен средношколски пленум и дека очекуваат голема поддршка за натамошните активности.

По завршувањето на маршот најавија дека ќе продолжат со протест и утре. Дел од нив велат дека ќе продолжат и со порадикални чекори доколку Министерството за образование не ги слушне нивните барања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.